ЗБОГУМ на сите, напишал таткото од Загреб и си ги УБИЛ децата

Загрепчани утрово ги дочека веста за страшното семејно злосторство кое се случило во населбата Млинови. Имено, татко со голи раце си ги задавил трите деца – близнаци, момче и девојче на 7-годишна возраст, и уште едно синче на 4-годишна возраст. Се се случило во нивниот луксузен стан, а откако таткото ги задавил децата се обидел да се самоубие.

Сепак, како што пренесуваат тамошните медиуми тој преживеал и бил однесен во болница, а телата на трите деца, од кои најмалото четиригодишно дете кое било пронајдено во спалната соба, како и близнаците во дневната соба, ги шокирале сите полициските службеници кои биле на местото на ова невидено злосторство.

Не е познато кој пријавил во полиција дека нешто се случило во станот на трикатната урбана вила со поткровје, но полицијата и брзата помош брзо пристигнале на местото на настанот. Во спалната соба, на креветот го пронашле мртвото тело на четиригодишното дете, а близнаците, момче и девоче, биле во дневната соба, во која се наоѓале и нивните играчки со кои си играле претходната вечер.

Видео:

https://www.facebook.com/plugins/video.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2F24sata%2Fvideos%2F294457935415569%2F&show_text=0&width=267

Како што неофицијално дознава Јутарњи. хр родителите на децата се развеле и децата најверојатно викендот требало да го поминат со својот татко, кој засега не е познато во каква состојба се наоѓа.

Полицијата спроведува истрага, а утрово телата на трите деца се пренесени во Институтот за судска медицина и криминологија, каде што обдукцијата ќе ја утврди причината за смртта.

Јутарњи пишува дека таткото на децата е искусен финансиски консултант кој дипломирал на Donau-Universität Krems и магистрирал бизнис администрација. Работел во некои водечки австриски лизинг компании, но и на менаџерски позиции во Роберт Бош АГ, Алкател АГ и други.

Медиумите наведуваат дека таткото синоќа околу полноќ на Фејсбук осавил чуден статус од кој можело да се претпостави дека нешто би можело да се случи. Тој околу полноќ наводно напишал: „Збогум на сите…“, па ги споменал и лошите односи со екс сопругата и неговата сегашна партнерка. Споменал и некакви „браќа од масонската ложа“ кои не сакале да му помогнат, како и дека има проблеми на работа.

Што точно се случувало ќе покаже истрагата која е во тек.