Connect with us

Свет

Најголемото панорамско тркало на светот ќе биде СВЕТСКО ЧУДО (Видео)

Published

on

Службениците задолжени за туризам во Дубаи речиси секојдневно работат на ширење на понудата на оваа популарна локација, а еден од новитетите кој на јавноста ќе и биде достапен од наредниот месец е и панорамското тркало кое воедно ќе биде и најголемото на светот.

Како што соопштуваат од Дубаи, наредниот месев, поточно на 21 октомври, на оваа туристичка локација ќе се отвори најголемото панорамско тркало на светот со висина од 250 метри, што е за 80 метри повисоко од моментално најголемото панорамско тркало во Лас Вегас.

Конструкцијата на Аин Дубаи ќе има 48 затворени кабини од кои одредени ќе можат да примат и до 40 патници. Вкупно 1.750 заинтересирани граѓани ќе имаат можност во еден момент да го разгледуваат градот од ова величествено здание.

Свет

Во ОН усвоена резолуцијата на САД за Украина, коспонзорирана од Македонија, но и таа на Киев

Published

on

Со 93 гласа за, 8 против и 73 воздржани, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои предлог-резолуцијата на САД за запирање на војната во Украина, чиј еден од спонзорите беше и Македонија.

Помина и резолуцијата предложена од Украина со 93 гласа за, 18 против и 65 воздржани.

Македонија гласаше воздржано и за резолуцијата на САД изменета со амандмани од европските земји, поради што и Американците беа воздржани, како и за украинскиот предлог, во однос на кој Вашингтон се изјасни против.

Основната разлика меѓу двете предложени резолуции е таа што во оригиналниот текст на американската се користи многу поблаг речник и нема директна осуда на Русија, која не се именува како агресор или извор на конфликтот. Но, европските земји се изборија за амандмани со кои се додадоа референци за целосната инвазија на Украина од страна на Русија и потребата за праведен, траен и сеопфатен мир во согласност со основачката Повелба на ОН и ја потврдија поддршката на ОН за суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина.

Во украинската резолуција, пак, зад која застана целата Европска унија, се зборува за „воена агресија“ од Русија и се дава поддршка на територијалниот интегритет на Украина, а се бара и повлекување на руските војници.

Денеска навршија три години од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Continue Reading

Свет

Трамп: Запомнете што реков, ова може да ескалира во Трета светска војна!

Published

on

Денес се навршуваат три години откако рускиот претседател Владимир Путин ја започна целосната инвазија на Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон оствари разговори со американскиот претседател Доналд Трамп за можностите за ставање крај на војната во Украина. Макрон беше првиот европски лидер што го посети Трамп, кој се врати на власт пред еден месец.

Тој заедно со Трамп учествуваше во видеоконференција за Украина со лидерите на Г7 во Белата куќа. На пат од Белата куќа до гостинската резиденција Блер, францускиот претседател изјави дека пречекот од страна на Трамп бил „многу добар и пријателски“. „Имавме видеоконференција во Овалната соба со Г7“, рече Макрон.

После тоа, двајцата лидери остварија билатерални разговори и одржаа заедничка прес-конференција.

Трамп: Не сакаме ова да доведе до Трета светска војна

„Мислам дека војната во Украина може да заврши брзо, можеби во рок од неколку недели, ако се покажеме паметни“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба. „Ако не бидеме паметни, ова ќе продолжи… и тоа не го сакаме“, додаде тој, истакнувајќи дека оваа ситуација може да ескалира во Трета светска војна, но, како што рече, „ние тоа не го сакаме“.

Трамп неодамна разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и тие се согласиле да започнат преговори за мир. Трамп беше прашан дали ќе го нарече Путин „диктатор“, како што тоа го направи за украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Не го користам лесно тој термин, ќе видиме како ќе се развива ситуацијата“, одговори Трамп, додавајќи дека постои „шанса за многу добар договор“ меѓу Украина и Русија. Тој предупреди дека нерешената војна може да води до Трета светска војна.

Трамп: Враќањето на украинските територии не е лесна работа

Еден од новинарите го праша Трамп дали смета дека Украина ќе треба да се откаже од некои територии во случај на мировен договор. „Ќе видиме“, рече Трамп. „Ова се преговори што сега започнуваат“, додаде тој, нагласувајќи дека враќањето на украинските територии окупирани од Русија е „многу сложено“.

Трамп претходно сугерираше дека Украина може да добие некои од своите територии, а минатата недела изјави дека руската окупација значи дека Русија „ја држи картата“ во преговорите. Тој исто така напомена дека Владимир Путин би прифатил европски мировни сили во Украина кога ќе заврши војната, иако Кремљ постојано тврди дека се противи на тоа.

Continue Reading

Свет

Трамп за победата на конзервативците: Изгледа дека Германците се уморија од агендата без здрав разум

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави победата на конзервативците на вонредните парламентарни избори во Германија.

„Се чини дека конзервативната партија однесе голема и крајно очекувана победа на изборите. Слично како во САД, народот на Германија се умори од агендата без здрав разум, посебно за енергијата и имиграцијата, која преовладуваше многу години. Ова е голем ден за Германија и за Соединетите Американски Држави под водство на господинот со име Доналд Трамп. Честитки за сите – следуваат уште многу победи!!!“, порача Трамп преку својата социјална мрежа Трут сошал. 

Според првичните резултати на изборите со излезеност од 84 проценти убедливо води партијата ЦДУ на извесно новиот канцелар Фридрих Мерц во коалиција со ЦСУ, која освои 28,5 проценти од гласовите, пред крајнодесничарската АФД со 20 отсто, нејзин најдобар резултат досега.

СДП на досегашниот канцелар Олаф Шолц освои само 16,5 отсто гласови, што е најлош изборен биланс на партијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк