Оние што фрлаат ѓубре кај што ќе им текне ќе платат казна од 150 евра

Оние граѓани кои што фрлаат ѓубре каде што ќе им текне ќе платат казна од 150 ева, додека глоба од 50 евра е предвидена за поединци кои не вршат селекција на отпадот или ен го одлагаат отпадот во посебните контејнери, пишува Слободен печат.

200 евра ќе платат тие што ќе запалат отпадни гуми, масла и друг вид отпад во природата или на патиштата.

Донесувањето на овој пакет од 6 закони е во насока на реформа на законодавството од областа на управувањето со отпадот, што го опфаќа општиот систем на национално ниво регулиран во општиот Закон за управување со отпадот и посебни закони кои се однесуваат на посебните текови на отпадот, ориентирани кон принципите на циркуларна економија и превенција на отпадот, односно реупотреба, преработка и рециклажа.