Македонија денеска е корумпирана држава, внатрешно длабоко поделена и конфронтирана, која живее на кредити и еден ден тој балон ќе пукне со катастрофални последици, кажа поранешниот претседател Бранко Црвенковски на денешниот свечен научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941 – 1991 / 1991 – 2021 година.
На собирот кој се одржа во организација на МАНУ, покрај академици говореа и поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов и актуелниот претседател Стево Пендаровски.
Црвенковски кажа дека Македонија 30 години по осамостојувањето е корумпирана држава, нема еднаквост пред законот, нема правда, нема доверба во судството и со тоа нема фер пазарна економија каде ќе одлучува квалитетот, а не како што кажа „подмачкувањето онаму каде што треба“, нема квалитетно образование, здравство и ефикасна јавна администрација. Македонија е и внатрешно длабоко поделена и конфронтирана држава, каде не може да се изгради консензус околу ниту едно стратешки важно прашање.
„Македонија е држава која живее на кредити, а постои една изрека ‘кој живее на кредит, умира на рати‘. Во 2001 година бруто надворешниот долг изнесувал 1 милијарда и 494 милиони долари. Во 2011 година бруто надворешниот долг пораснал на 6 милијарди и 271 милион долари, а денес, во 2021 година тој изнесува фантастични 11 милијарди и 545 милиони долари. За 20 години, бруто надворешниот долг пораснал за повеќе од 10 милијарди долари. Па каде завршија тие пари и што е уште поважно, како ќе се враќаат тие пари. Вака понатаму не може. Овој балон еден ден, порано или подоцна, ќе пукне, со сите катастрофални последици што од тоа ќе произлезат“, рече Црвенковски.
Црвенковски во говорот кажа дека земјава уште не ги почнала преговорите со Европската унија сега поради спорот со Бугарија, па затоа потребно е да се најде алтернатива, за која рече дека не е истокот ниту далечниот исток, туку сами да работи на спроведување на реформите.
„Ни беше најавено, па дури и гарантирано дека Преспанскиот договор е клучот што ќе ги отвори двете врати. За жал испадна дека не е така. Станавме членка на НАТО, но заради позициите на Бугарија не можеме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ. Во секој случај јас не би ставил знак на еднаквост помеѓу Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство и соработка со Бугарија од најмалку една причина. Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање. Договорот со Бугарија, не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен“, рече Црвенковски.
„Политичарите велат дека полноправното членство во ЕУ е нашата единствена опција за која не постои алтернатива. Не постои и воопшто не размислуваме за план Б.“ Го поставувам прашањето, а што ако не заради нас, не затоа што ние не сакаме или не сме спремни да ги спроведуваме неопходните реформи и да ги исполнуваме неопходните критериуми, туку затоа што самата ЕУ реши да нема понатамошно проширување, а такви размислувања во рамки на Унијата веќе има. Што во тој случај ќе правиме ние за кои не постои друга алтернатива? Ќе се самоукинеме, ќе се самораспуштиме како држава“, кажа Црвенковски.
Според него земјата треба сама, не затоа што Брисел ни наметнува да ги спроведе неопходните реформи во сите области.
„Ако нашата главна идеја водилка е: „НАТО ќе нè брани, ЕУ ќе нè храни“, тврдам дека ниту ќе се одбраниме, ниту ќе се нахраниме. Зарем не е логично дека никој од надвор не може да биде повеќе заинтересиран од нас самите во каква држава ќе живееме и каква држава ќе оставиме на нашите деца и внуци“, рече Црвенковски.
Црвенковски како решение понуди да се направи национална платформа околу која ќе се постигне широк општествен консензус и ќе биде задолжителна за спроведување за сите, без разлика кој ќе биде власт а кој опозиција, сè додека клучните работи не бидат доведени во ред. Тој ги повика МАНУ, Универзитетот ‚Свети Кирил и Методиј‘, Стопанската комора и претседателот Стево Пендаровски да покренат таква иницијатива.
По моделот на Украина, Македонија може технички да ги продолжи преговорите со ЕУ
По преседанот направен со Украина, се отвора можност Северна Македонија технички да ги продолжи преговорите за членство во Европската унија, и покрај тоа што сè уште нема конечно решение со Бугарија, оценуваат аналитичари и европски извори.
Според овој модел, земјата би можела да напредува во техничките и реформските делови од преговорите, без формално затворање на политичките прашања поврзани со билатералниот спор со Софија. Таквиот пристап веќе беше применет во случајот со Украина, каде што ЕУ дозволи паралелно водење на процесите.
Идејата е Македонија да не биде целосно блокирана на европскиот пат, туку да продолжи со усогласување на законодавството, реформите во институциите и исполнувањето на европските стандарди, сè додека се бара прифатливо решение со Бугарија.
Поддржувачите на ваквиот пристап сметаат дека тоа би испратило позитивна порака и би ја одржало реформската динамика и европската перспектива на земјата, додека критичарите предупредуваат дека политичките условувања и натаму остануваат сериозен предизвик.
Сепак, ваквиот можен пресврт во пристапот на ЕУ отвора нова дебата за тоа како Унијата се справува со билатералните спорови и дали ќе покаже поголема флексибилност кон земјите кандидати во наредниот период.
„Трн“ по втор пат ги награди храбрите иницијативи што го менуваат општеството
Редакцијата на Трн по втор пат ги награди иницијативите што храбро го менуваа општеството во 2025 година
На 13 декември 2025 година, редакцијата на „Трн“ по втор пат ги додели своите симболични признанија за иницијативи, колективи и поединци кои со својата работа, ангажман и храброст придонесуваат кон поинклузивно, поправедно и посолидарно општество.
Со овие награди, редакцијата на „Трн“ уште еднаш испрати јасна порака дека општествените промени не започнуваат од големите декларации, туку од конкретни дела, локални иницијативи и луѓе кои одбиваат да молчат пред неправдата.
Како и минатата година, жирито беше составено од редакцискиот тим на „Трн“, кој секојдневно ги следи, документира и анализира процесите што го обликуваат јавниот простор, граѓанскиот отпор и солидарноста во Македонија.
Категории што го мапираат општествениот ангажман
Признанијата се доделуваат во категории кои симболично ги опфаќаат клучните општествени борби и вредности: унапредување на правата на жените и родовата еднаквост, заштита на јавното здравје, младински иницијативи, интервенции во јавен простор и заштита на правата на Ромите.
Наградата ЖЕНСКИ ТРН се доделува на борците за унапредување на женските права. Во оваа категорија беа доделени две признанија, како одраз на различни, но подеднакво значајни форми на активизам.
Наградата ЖЕНСКИ ТРН беше врачена на Сара Миленковска за нејзиниот доследен активизам во различни иницијативи за женски права и родова еднаквост, за јасниот јавен говор и за отворањето простор за теми кои често се премолчуваат, но длабоко ја засегаат реалноста на жените.
Наградата ЖЕНСКИ ТРН ја доби и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА за акцијата „Ни требаат 365 дена активизам, а не 16 дена симболика“ и за нивната континуирана, системска борба за женските права, телесната автономија и родовата правда.
Наградата ЗДРАВ ТРН за заштита на јавното здравје претставува награда за солидарноста што не застанува на зборови, туку се претвора во конкретна грижа и поддршка.
Оваа награда беше врачена на Support Kochani, за нивните иницијативи за поддршка на повредените и семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани, вклучувајќи го и отворањето на Младинскиот центар „Гнездо“, како и бројните акции за собирање донации и медицински препарати.
МЛАДИНСКИ ТРН се додели на глас кој ја разбира политиката од перспектива на младите и ја преведува нивната реалност во јасни и аргументирани пораки.
Оваа награда ја доби Емир Хасановиќ, за неговиот инспиративен медиумски настап со постизборна анализа од младински агол, за пораките за генерацискиот јаз во Македонија и за отворањето прашања поврзани со потребите, политичката свест и улогата на младите во општеството.
Во категоријата ТРН НА ЕДНАКВОСТА за заштита на правата на Ромите, беа доделени две признанија, како признание за институционалниот и личниот активизам.
Наградата ТРН НА ЕДНАКВОСТА ја врачивме на Europe House за аудиобајките „Сјајни ѕвезди – бајки раскажани од Ромите од Европа“, достапни за слушање на ромски, македонски и албански јазик, и за нивниот придонес во промоцијата на културната разноликост и инклузијата.
ТРН НА ЕДНАКВОСТА беше доделен и на Ѓултен Мустафова (Ромалитико) за нејзиниот активизам за правата на жените Ромки и за континуираната борба за видливост, достоинство и еднаквост на Ромската заедница.
ИНТЕРВЕНТЕН ТРН е за гласовите кои во јавниот простор зборуваат храбро, директно и без компромис.
Наградата за интервенција во јавен простор беше доделена на Колективот на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, за говорот на церемонијата по повод доделување на наградите „3-ти Ноември“ и за јавното застапување за изградба на нова театарска зграда.
Награда ви оваа категорија беше доделена и на Иницијативата „Кој е следен?“, за нивните континуирани интервенции во јавниот простор, борбата за правда и отпорот против системската корупција.
Мал трн, голема порака
Признанијата на „Трн“ не се финансиски, ниту институционални. Тие се симболичен гест на солидарност, благодарност и јавно признавање – порака дека некој гледа, слуша и препознава.
Со второто издание на овие награди, „Трн“ ја зацврстува својата позиција како медиум кој не само што известува, туку и активно учествува во градењето на јавниот простор, вредностите и критичката мисла.
Историски зафат во детската ортопедија: За првпат во Македонија оперирано дете со ретка конгенитална деформација
На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) за првпат во Македонија е изведена комплексна хируршка интервенција кај 4-годишно дете со редок конгенитален Спренгелов деформитет. Интервенцијата е реализирана во соработка со реномираниот ортопед проф. д-р Уфук Ајдинли од Република Турција.
Овој медицински зафат претставува значаен напредок во развојот на домашниот здравствен систем и зајакнување на капацитетите за третман на ретки и сложени ортопедски состојби кај деца. Процедурата е резултат на тимска работа меѓу ортопедите, анестезиолозите, интензивната нега и ургентната служба, како и на успешен пренос на знаење и примена на современи оперативни техники.
Директорот на ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски, истакнува дека интервенцијата е пример за врвна мултидисциплинарна координација со јасен фокус на безбедноста и квалитетот на третманот. Според него, соработката со меѓународни експерти овозможува значителен исчекор во лекувањето на ретки конгенитални деформации, со цел ваквите процедури да станат стандарден дел од клиничката пракса во земјава.
Министерот за здравство, Азир Алиу, нагласува дека довербата во здравствениот систем се гради преку конкретни резултати, знаење и силна тимска работа. Тој посочува дека Министерството ќе продолжи со поддршка на модернизацијата на клиниките, развојот на човечките ресурси и воведувањето современи медицински методи, со што најсложените интервенции ќе можат да се изведуваат во државата.
Спренгеловиот деформитет е ретка конгенитална состојба кај која лопатката е поставена ненормално високо и е недоволно развиена поради нарушена миграција за време на ембрионалниот развој. Оваа состојба најчесто предизвикува видлива деформација и ограничена подвижност на рамото, а може да биде поврзана и со други аномалии, како синдромот Клипел-Фил, сколиоза или омовертебрална лента. Оперативниот третман најчесто се спроведува кај деца на возраст од 3 до 8 години, со цел подобрување на функцијата и естетскиот изглед.