Се огласи КАРЛО БОС: Од Куманово ќе направам Лас Вегас :) ама на следни избори

Единствениот македонски порно актер, кумановецот Гоце Гиновски или Карло Бос, како што го знаат во светот на филмовите за возрасни, кој своевремено палеше и жареше низ Италија, вели дека годинава не се кандидирал за градоначалник, ама на следните избори дефинитивно планира да го направи тоа. Открива дека има големи планови за родниот град и дека ќе направи чуда за кои ќе чуе светот.

– Оваа кандидатура му ја препуштам на мојот другар Тони Михајловски, ама на следните избори одам и од Куманово ќе направам Лас Вегас, вели Гиновски.

Во јавноста го нема, ама, вели, тоа ништо не значи и тој постојано е во акција.

– Јас никогаш не сум во мирување, секогаш сум во акција, ама сега тајно, како таен агент сум ха, ха, ха… Ќе се снима еден филм за цел Балкан и Италија со наслов „Како до професионалец“ и во филмот се убаво ќе си биде објаснето, што треба, а што не. Сите трикови на порнографијата, темните и светлите страни, вели Гиновски и додава дека уште не е пензионер.

– Ми недостасуваат уште 7 години до пензија ха, ха, ха… Сега сум само набљудувач и не сум само симпатизер, туку и поддржувач на Тони не зашто ми е другар, туку затоа што е ШАМПИОН!, додава Гиновски.

Карло среќно на следните избори и кога може сите да ветуваат зошто не и ти, па и не би било лошо Куманово да стане македонски Лас Вегас.