Connect with us

Македонија

(Видео) Poдитeли oд пekoлoт: Млади родители Македонци вo Германија извpшиле нeвидeнa тopтypa вpз нивнитe дeцa…

Published

on

Маж и жена од Македонија се осудени од судот во Менхенгладбах, мал град во близина на Дизелдорф, бидејќи таткото ги тепал синот и ќерката, а мајката не презела ништо да го спречи.

Таткото, на 24 годишна возраст, и мајката, на 20 годишна возраст, се осудени на 13, односно 4 години затвор. Дополнително, таткото треба да му уплати на синот 500.000 €, а на ќерката 15.000 €. Мајката е казнета и со 300.000 € за синот и 10.000 €, што треба да ѝ ги уплати на ќерката.

Инцидентот се случил на почетокот на годината. Според обвинението, таткото го притискал тогаш пет недели стариот син на нозете и му скршил три коски. Од тепањето детето, добило траен физички и ментален инвалидитет. Таткото ја малтретирал и ќерката, која тогаш имала 17 месеци, и ѝ ја скршил потколеницата.

Децата им се одземени и дадени во згрижувачко семејство. Родителите се обвинети за сериозна злоупотреба на децата, а обвинителството проценило дека таткото не се кае во завршните зборови, а германските медиуми пишуваат дека двајцата обвинети, ќе се жалеле на пресудата, со надеж да добијат поблаги казни. Мајката се вадела и на тешко детство

Македонија

Во Тетово намален бројот на ученици на почетокот на второто полугодие поради грипот

Published

on

Големиот број случаи на грип во Тетово предизвика значително намалување на присуството на ученици на почетокот на второто полугодие. Според податоците од секторот за образование, повеќе од 250 ученици од основните училишта отсуствуваат поради болеста.

Инфективното одделение во Тетово секојдневно прима меѓу 80 и 100 пациенти со симптоми на грип, главно треска и кашлица, изјави инфектологот Борче Зафироски. Тој советува граѓаните да избегнуваат престој во затворени простории со многу луѓе за да се ограничи ширењето на вирусот.

Најголем број заболени има меѓу децата, што го потврдува и д-р Мерита Елези Рустеми од детското одделение. „Во декември имавме 1.115 прегледи, од кои 150 пациенти беа хоспитализирани. Во јануари до денеска бројот на прегледи изнесува 887, а 142 од нив завршија на болничко лекување. Децата честопати покажуваат потешки симптоми, како што се висока температура, кашлица и отежнато дишење“, изјави таа.

Состојбата останува загрижувачка, а лекарите препорачуваат зголемена претпазливост и следење на мерките за заштита.

Continue Reading

Македонија

Отворање на нова градинка во Тетово

Published

on

Нова градинка „Рилиндја“  при Јавната установа „Младост“ ќе биде отворена денеска во Тетово, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.

 По повод отворањето на градинката, најавени се обраќања на ресорниот министер Фатмир Лимани, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас, градоначалникот на Тетово, Билал Касими, и директорка на ЈУ „Младост“ – Тетово, Фатлинда Јаја.

Извор: biznisvesti.mk

Continue Reading

Македонија

Сиљановска-Давкова: Приклучувањето кон иницијативата „Три мориња“ ќе ја зајакне нашата позиција во Европа

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, одржа средба со Џејмс Карафано, виш советник на претседателот на Фондацијата Херитиџ и експерт за национална безбедност и надворешна политика, и Пол МекКарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт – ИРИ.

На средбата беше презентирана иницијативата „Три мориња“, во која членуваат 13 земји-членки на Европската унија. Главниот фокус на иницијативата е развојот на енергетската, транспортната и дигиталната инфраструктура, како и зајакнување на оска север-југ во Источна Европа.

Претседателката Сиљановска-Давкова изрази уверување дека приклучувањето на Република Македонија кон оваа иницијатива ќе отвори нови можности за интензивирање на регионалната и европската соработка, со што ќе се забрзаат процесите на интеграција во Европската унија.

„Приклучувањето кон ‘Три мориња’ не само што ќе ја зајакне нашата позиција во регионот, туку и ќе создаде основа за побрз економски и инфраструктурен развој. Ова е клучен чекор во нашите напори за постигнување на европските стандарди и промоција на стабилноста во Источна Европа,“ истакна Сиљановска-Давкова.

Иницијативата „Три мориња“ е значаен проект кој го промовира регионалниот развој преку стратешка соработка меѓу членките, додека Република Македонија гледа можност за активно учество и придонес во реализацијата на заедничките цели.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк