Волкановски заработи 492 илјади долари за одбранетата светска круна во Ултимејт Фајт

Александар „Велики“ Волкановски за одбраната на својот шампионски појас во Ултимејт фајт шампионатот (УФЦ) заработи вкупно 492 илјади долари.

Од таа сума за самата борба со Американецот Брајан Ортега во Лас Вегас австралискиот борец од македонско потекло доби 400 илјади долари, а останатите 92 илјади се бонус за добиениот меч со едногласна одлука на судиите.

Ортега, пак, доби 332 илјади долари, од кои 250 илјади за дуелот со Македонецот по татко му од битолското село Беранци, а остатокот како поразен во „борбата на вечерта“.