Какво вирално ШОУ на кандидатот за градоначалник од ТМОРО (Фото)

Освен со невообичаениот имиџ, Цветковски привлече внимние и со „вегета“ што ја носеше во студиото на ТВ 24 и ја истураше пред своите противкандидати

Гоце Цветковски, кандидат на ТМОРО за градоначалник на Охрид, приреди шоу вечерва на ТВ 24, каде што учествуваше на соочување со неговите противкандидати на претстојните избори, пратеникот Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот градоначалник Костадин Георгиевски од СДСМ.

Настапот на Цветковски мошне брзо стана вирален, а вниманието го привлече и неговата невообичаена гардероба. Тој дојде во студиото со маичка на која е аплицирано 16-кракото сонце и напис што упатува на новото уставно име на државата, додека како наметка носеше знаме со сонцето од Вергина.

Цветковски донесе и „вегета“,што ја истури пред своите противкандидати за, како што им рече, „да замезите со парите што ги лапате“.

Извор: 360 степени мк