На доктор Лазаров му пpeкипе: Cpaм да ви е, заштитна опрема за лекарите нема, ама плакати, пенкала, упаљачи….

Познатиот матичен лекар Ненад Лазаров повторно со жестоки критики.

Тој е гневен бидејќи медицинскиот персонал среде пандемија е оставен без заштитна опрема, а истовремено има плакати, пенкала и упаљачи.

-За заштитна опрема ниту маски за медицинари се нема , секој сам купува, ама затоа за плакати, пенкала и упаљач има секогаш. Срам да ви е, пишува Лазаров на Фејсбук.

Тој во друг Фејсбук пост гневен посочува дека македонските лекари во моментов се најниско платени во цела Европа.

-И уште ова ќе кажам само, ве лекува најниско платен медицински персонал во Европа.
Колку пари толку музика, додава тој.