Тpaгедија на ден пред неговиот роденден: 3aгина еден од пожapникарите од Словенија кој доброволно гacнеше во Македонија

Во сообраќајна несреќа почина младиот пожарникар од Словенија, Жан Кофол.

Тој беше еден од доброволците кои пристигнаа во Пехчево летово, кога голем дел од шумите беа зафатени од пожари.

Македонската јавност за него дозна преку фото-сториите на Дојче Веле.

Кофол почина само еден ден пред да наполни 20 години.

-Ин Мемориам

Од Словенија денеска ни пристигна тажна и трагична вест за смртта на Жан Кофол, пожарникарот кого го портретиравме за време на пожарите во источна Македонија во август годинава. Кофол беше меѓу најмладите доброволци кои пристигнаа од Словенија и со денови учествуваше во гаснењето на огнената стихија во околината на Пехчево.

Кофол го загуби животот во сообраќајна несреќа во близина на родната Нова Горица во вторникот на 28 септември, еден ден пред неговиот 20 роденден.

Слава му!