Connect with us

Македонија

Екс албански министер: Албанците во Македонија на пописот ќе бидат 55 %

Published

on

Поранешниот министер за правда и близок соработник на Сали Бериша Спартак Нгјела тврди дека “Се раѓа третата албанска држава на Балканот – во Македонија”.

” Албанците имаат две држави на Балканот, а третата албанска држава штотуку се раѓа – во Македонија. На пописот Албанците веќе стасаа до бројката од 47 проценти од попишаните, а ќе ги има 54 отсто.” – овие тврдења ги изнесе Спартак Нгјела од Република Албанија, адвокат и политички аналитичар на политичките случувања на Балканот, во интервјуто што го даде за косовската телевизија АТВ. Акцентите од неговото интервју ги пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА пренесува: “Адвокатот од Албанија Спартак Нгјела вели дека Албанците веќе имаат две држави на Балканот, а оти третата албанска држава штотуку се раѓа – во Македонија. Во интервју за телевизијата АТВ од Приштина тој кажа дека досега попишани ги има 47 проценти Албанци и оти ќе ги има 54 отсто.”

ИНА не објави дали овој аналитичар имал на располагање свои соодветни и релевантни извори на информирање поврзани со пописот, штом веќе навел и тврдења за конкретни бројки колку се, наводно, досега Албанци меѓу попишаните граѓани во Македонија.

Нгјела се осврнал на “алијансата на Албанците со САД”, велејќи во тоа интервју: “Албанците треба да го продлабочат сојузништвото со САД, за да просперираат уште повеќе во регионот.”

Коментирајќи ги состојбите на северот на Косово каде што деновиве владее состојба на висока напнатост и се слуша ѕвечкање на оружјата на обете страни, кај Албанците и Србите, Спартак Нгјела рекол за ТВ АТВ: “Албанците да не се вознемируваат, бидејќи ја имаат Америка” – пренесе ИНА.

Македонија

Халили: Се засилува стратегиското партнерство со САД, но не се напуштаат односите со ЕУ, за која Мицкоски постојано искажува поддршка!

Published

on

„Блискоста со Соединетите Американски Држави оди во прилог на засилувањето на врските со стратегиското партнерство со нив, но овој однос не подразбира заладување на односите со Европската Унија, организација кон која се стремиме.“ – изјави за Албанската редакција на Македонската телевизија поранешниот амбасадор Мухамед Халили. Според него, факт за ова се изјавите на премиерот Мицкоски за постојана поддршка на надворешната политика на Европската унија. Ова го пренесе информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

Агенцијата дополнува: „Не е направено нешто специфично за напуштање на односите со ЕУ, за создавање блиски односи со САД на сметка на односите со ЕУ.“ – изјави Халили

Continue Reading

Македонија

Подобрена состојбата на двајца пациенти хоспитализирани во Солун

Published

on

Министерството за здравство соопшти дека двајца пациенти кои се лекуваат во Солун се во подобрена состојба. Тие се екстубирани и од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија.

Во Скопје, пак, вкупно 16 пациенти се на болничко лекување и се во стабилна состојба. По шест пациенти се хоспитализирани во Стара градска болница и ГОБ „8 Септември“, додека четворица се во приватни болници.

Од Клиниката за токсикологија информираат дека во последните 24 часа биле примени четворица пациенти од странство. По направените токсиколошки анализи, тие биле пуштени на домашно лекување, бидејќи се во добра општа состојба.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и во странство и продолжува да ја следи состојбата на повредените во несреќата во Кочани.

Извор: Република

Continue Reading

Македонија

Трамп во конфликт со Путин: ‘Многу ме изнервира, бесен сум!’

Published

on

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за Ен-би-си (НБЦ) изјави дека е „многу изнервиран“ и оти е „бесен“ на рускиот претседател Владимир Путин и се закани дека ќе воведе нови царини на руската нафта.

– Ако Русија и јас не сме во можност да постигнеме договор за завршување на крвопролевањето во Украина, а верувам дека тоа е руска грешка, ќе воведам секундарни царини на целата нафта кој излегува од Русија, посочи Трамп.

Тој истакна дека царините за Русија би можеле да бидат воведени во рок од еден месец доколку не се постигне договор за прекин на огнот.

– Ова би значело дека ако купувате нафта од Русија, нема да можете да вршите економска активност во САД. Ќе има царина од 25 до 50 проценти за целата нафта, наведе Трамп.

Тој додаде дека Путин знае дека е лут, но оти и покрај тоа тие имаат „многу добри односи“ и „лутината брзо исчезнува … ако ја направи вистинската работа“.

Трамп најави дека следните денови ќе разговара со Путин.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк