НОВО СВЕДОШТВО: Девојче добило награда за „најдобри гради“, друго било избркано во зори зашто одбило да симулира се*с

Скандалот околу средношколскиот извички камп, кој ја вознемири јавноста, не само што не стивнува, туку охрабри уште родители да се огласат и јавно да проговарат за она низ што поминал енивните деца.

По објавената сторија во „Слободен печат“ за скандалозниот извиднички камп што викендов се одржал во близина на Скопје, а каде имало непримерни активности во кои малолетници меѓу другото ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции до манастир под превезот на сексуална едукација, за весникот сведочат нова тура на револтирани родители.

Мајка на средношколец кој присуствувал на настанот организиран од Прв скопски извиднички одред потврдува дека нејзиниот син и уште шестмина учесници веднаш после кампот се отпишале од извидници, затоа што биле истрауматизирани. И таа денеска случајот ќе го пријави во полиција.

– Моето дете иако е голем љубител на извидниците, е толку разочаран откако дојде од кампот, што во истиот момент излезе од извидничкиот одред и рече дека ова е акција што го оцрнува образот на извидниците. Тој е ,,за” сексуална едукација, но како што треба, а не на ваков начин. Тоа не е табу тема, но тоа што се случувало таму било крајно вулгарно и екстремно. Некое дете го терале да стави кондом на краставица. Кога не знаел како да го направи тоа, го исмејувале пред сите. Не може возрасен човек од над 40 години да доделува награда на девојче од 16 години и да и рече ,,имаш прва награда за најубави гради и следната година да дојдете поголи и повесели”. Може татко да и биде. Јас да бев известена дека такви активности ќе има на таа акција, никогаш немаше да го пуштам син ми таму, верувајте, вели мајката за весникот.

Повеќе сведоштва можете да прочитате ОВДЕ. 

Инаку, Министерството за внатрешни работи пред два дена добило пријава од родител во врска со извидничкиот камп. Оттаму потврдуваат дека извршиле разговор со родителот и оти за случајот е известен Јавен обвинител. Додаваат дека ќе постапуваат по насоки дадени од обвинителството за расчистување на случајот.

Лицата, кои се инволвирани активностите на извидничкиот камп, по насока на обвинителството се повикани на разговор во полиција, потврдија за МИА извори од истрагата.

Откако на виделина излезе дека Првиот скопски извиднички одред е поддржан финансиски од Град Скопје и ХЕРА уште во 2019-та година, се огласија од Град Скопје од каде велат дека  се оградуваат од активностите на извидничкиот одред кои предизвикаа реакции во јавноста.