Connect with us

Македонија

Во ПЕТОК администрацијата ќе работи само ЧАСА: Законот готов!

Published

on

Наместо 40 часа, администрацијата ќе работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок. Ова е предвидено во новиот закон за административни службеници кој сега е во нацрт верзија, објавен е на ЕНЕР и истекува рокот за коментари. Го подготви Министерството за информатичко општество и администрација. Во членот 55 од Законот кој се однесува на работното време стои:

„Полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено.

(2) За неполно работно време на административните службеници ќе се смета работното време кое е пократко од 36 часа неделно, а ќе се остварува согласно со закон, пишува во законот.

Инаку Законот беше ставен на ЕНЕР на 21 септември годинава и по коментарите треба да оди на усвојување.

Во актуелниот закон распоредот на работното време е од понеделник до петок за 40 работни денови. Работно време е од 7:30 или 8:30 часот до 15:30 или 16:30 часот.

Фактор веќе пишуваше дека за реформите во администрацијата се носат два  нови законои – овој за административните службеници и Законот за вработени во јавниот сектор. 

Законите, според објаснувањата треба да ја направат департизирана и деполитизирана јавната администрација, но и да ги избегнат во неа појавите на непотизам, клиентелизам и кронизам. 

 „Овие закони директно влијаат на целосната деполитизација на државната администрација и ги поставуваат темелите на вредностите и меритократијата за да се стигне до работното место или унапредувањето. Ние сме решени да ги завршиме овие реформи“, изјави пред извесно време министерот за информатичко општество и технологија Јетон Шаќири.

Инаку, како што е познато, овие два закони се донесени во 2014 година, а почнаа да се применуваат во 2015. Оттогаш досега Законот за вработените во јавниот сектор претрпе неколку измени, поради проблеми со кои институциите се соочува при неговото спроведување во пракса. Од друга страна, многу од одредбите од законот, поради нивната комплексност, останаа неприменливи. МИОА пред две години сакаше да се направат измени на овие закони, но потоа се сфати дека е најдобро да се донесат нови законски решенија. 

ФАКТОР.МК

Македонија

„Вреди“ најавува победа во секоја општина на локалните избори во октомври

Published

on

„Во октомври, на локалните избори, ВЛЕН ќе победи во сите албански општини! ВЛЕН во секоја општина, во секоја институција, со чисти раце и чисто лице пред граѓаните. Времето на ДУИ заврши“, се вели во неделното соопштение на коалицијата

Владиниот коалиционен партнер „Вреди“, денеска преу соопштение најави победа на локалните избори во секоја општина каде мнозинство се етнички Албанци. Оттаму велат, откако 20 години е крадена, мамена и уништувана секоја албанска надеж, ДУИ без срам бара граѓаните да им дадат нова шанса.

„Оние кои со децении ја користеа моќта за лични интереси, денес, фрустрирани и разоткриени пред граѓаните, бараат да се вратат на старите времиња на заробување и уцена. ДУИ, која секоја институција ја претвори во партиска гранка, која ги омаловажуваше интелектуалците, која ги предаваше правата на Албанците на ниски адути за преговарање, денес се плаши од правда. ВЛЕН е одговорот на Албанците на оваа скапана политика“, 

се вели во соопштението на „Вреди“.

Коалицијата „Вреди“ потенцира дека е дел од власта за да спроведе промена која Албанците гласно ја бараат и велат, нема да застанат сè додека секој Албанец не се почувствува слободен, рамноправен и достоинствен во својата земја.

„Во октомври, на локалните избори, ВЛЕН ќе победи во сите албански општини! ВЛЕН во секоја општина, во секоја институција, со чисти раце и чисто лице пред граѓаните. Времето на ДУИ заврши! Ветерот на промените започна и никој не може да го запре! ВЛЕН победува, Албанците победуваат!“, стои во соопштението.

Continue Reading

Македонија

(Фото) Сиљановска Давкова на погребот на папата Франциск се запозна со Доналд Трамп и Меланија

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера присуствуваше на погребот на папата Франциск и беше единствената функционерка од Македонија.

На погребот присуствуваа бројни светки претседатели, премиери, верски лидери…, а македонската претседателка се запозна со американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија.

Папата, по негова желба, беше погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, Италија.

Continue Reading

Македонија

ПРАТКИТЕ ОД ТЕМУ СЕ ПЛАТЕНИ И ИМА МОЖНОСТ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ, НО НИЕ ИМАМЕ ЗАШТИТА ПРЕКУ КОДОТ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА – Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор

Published

on

Овој петок во бизнис муабети на Фактор.мк наш гостин бизнисменот Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС. Колку е вносен бизнисот со транспорт на пратки од Амазон, Тему и други.. Колку приватните пошти ја гледаат како конкуренција Македонски пошти? Колку приватни пошти функционираат во Македонија и колку милиони евра се вратат во овој бизнис. Гледајте денеска на Фактор.мк и на youtube каналот бизнис муабети заедно со Мишко Иванов.

Светска банка има најточни податоци за случувањата во светот, и тие извадија индекси дека Македонија е една од најслабите држави и во регионот, нормално и во Европа, по сервисни услуги. Гледајќи ги сите сервисни услуги, ми се допадна ова, бидејќи има иднина. Гледам што се случува во развиениот свет, денеска тоа го правиме ние. Луѓето не одат во продавница, туку продавниците ги носиме кај луѓето. Тоа е и еколошки, и се намалува времето, како и трошокот, а можат да направат и подобар избор. Недостигаат уште некои елементи за да бидедме на некакво ниво како што е развиениот свет. Но, ние успеавме да се наметнеме и да го заземеме водечкото место, односно го држиме повеќе од 50 отсто од пазарот во Македонија, и тоа не само една, туку повеќе години, вели Гешовски во разговорот за Бизнис муабети на Фактор. 

Единствени сме на Балканот што доставуваме пратки од Кинезите, бидејќи тие се платени и има можност за голема злоупотреба. Ние, пред да ја добиете вашата пратка, ви стигнува еден код за верификација, кој треба да ни го дадете, за да потврдиме дека вашата пратка го добила сигурносниот код. Курирот не го знае тој код, него го генерира централата, односно системот. Односно, имаме методологија, техника, софтвер систем, кој се разликува од другите, нагласува овој бизнисмен. 

Следете го поткастот на Фактор

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк