Теодора од Битола гордо го виори македонското знаме и ги собира сите награди надвор од Македонија (Видео)

15-годишната Теодора Мицевска од Битола е девојче со ангелски глас. На јавноста и стана позната по прекрасната изведба на песната “Вечниот Бог” во пресрет на минатогодишниот Божик, но Теодора зад себе има и голем број успеси и награди од светски и интернационални фестивали како единствен претставник од Македонија.

Со пеење се занимава од својата десетта година и каде и да се појави досега освојува гранд при награди.

Од 24 до 31 август Теодора ја претставуваше Македонија на фестивал во Бугарија, каде освои две први места и беше победник во номинацијата фолклор.

За мене ова доживување. Беше нешто што во мене уште повеќе го разгори огнот на љубовта за изворната стара музика. Фестивалот се одржуваше од 24 до 31 Август. Атмосферата беше прекрасна, настапував во категоријата фолклор. Имаше учесници од целиот свет. Конкуренцијата беше голема, ама успехот излегува на виделина. Исто така добив награда за најубав костим на целиот натпревар. Настапував со едни од моите најомилени песни “Зајди Зајди” и “Изглегов да се расшетам”, кои ги испрезентирав со солзи во очите. Осумчленото жири беше воодушевено и со солзи во очите го поздрави мојот настап, со што ми дадоа голема желба и мотив за понатамошни натпреварувања. Иако ова ми беше едно од многуте натпреварувања што ги имам поминато, сепак кај мене остави сентиментално приврзување за прекрасното настапување, вели Теодора.

Проследете го настапот на Теодора во продолжение👇

Маркукуле.мк

ТРАГЕДИЈА! 15-годишно девојче од Тетовско ПОЧИНА од корона и нејзината мајка ја загубила битката 😔

Петнаесетгодишна девојка од село Селце, Тетовско, позитивна на ковид-19, почина на Инфективната клиника во Скопје.

Како што информира Министерството за здравство, пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста.

„Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста и пациентка е со обезност“, велат од МЗ.

Министерството информира дека таткото на девојчето во епидемиолошката анкета навел оти и мајката на девојчето е почината од Ковид-19.

Во текот на денот директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, ќе даде повеќе детали околу случајот.

ПРЕСМЕШНО! Прваче на времето: Облеката од Велигден и една чаша вода, Прваче сега: Осум комбинации, 274 слики на Фејсбук… 🤣

Хит статус на Божидар Божиновски епа нема посмешно, вистина е така :))))

Прваче на времето:

– Те капат ако не е недела, чистење уши, сечење нокти, прва лекција основи на добро однесување на школо: биди добар другар, наставничката слушај ја, немој да мочаш во ќошот…

– Една слика имаш и таа ќе го осветлат филмот и немаш појма како си изгледал

– Те облекуваат во то шо го носиш за Велгиден в црква, демек дотеран да си

– Туркаат една чаша вода пред да заминеш на школо со лесно да е

– Толку!

Прваче не толку порано:

– Закажано на фризер уште ко излезе таблото дека дипломирал успешно во градинката “Весели цветови” и не се бендисал на сликата оти не личел на Бекам. Нормално фризура се прави да личи ко кога ќе туркаат паста за заби на четка по рекламите, крената на една страна на горе. Стилистот дава зелено светло дека младунчето е спремно за прв час

– Шопинг во Солун сонценцето на мама да изгледа најубаво за Фејсбук. Има осум комбинации од кои три се со дрвена лептир машна и карирани кошули. Трошат повеќе пари за облека отколку ти за матура, двете вечери

– Албум на Фејсбук “ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН НА МАКСИМИНИМИЛИЈАН ЛЕО ” 274 слики, 4к ХД, седум пати лајв уклучување, сниматели шо снимаат свадби и снимки со дрон како оди Максиминимилијан Лео до школо

– Нема само туркање вода… Банкет! Поканети роднини со персонализирани покани каде што подмладокот е сликан со оние коцкести капи ко да завршил на Оксфорд, поп да ја спеј чашата со вода, сите се радуваат на големиот успех дека успешно дишел и не умрел 5 години па сега тргнува на нешто шо е задолжително по закон

Корона прваче:

– Цел ден гледа “Пепа пиг” и “Бејби шарк” на Јутуб на мобилен додека татко му се расправа на Фејсбук дека онлајн не смеат децата да учат зато шо ќе немаат интеракција. Последен пат имал интеракција ко ја скрши малиот ногата па овој му викаше “Па ќор си, пичка ти мајчина, гледај кај одиш”.

– Ќе касни еден месец, шо не е страшно во држава шо касни 114 години на светот – Мајката бара уникатна маска за да биде најубаво сонценце на свет. Од Али Експрес. Маската, не сонценцето.

КРВАВА ПРЕСТРЕЛКА yтpoвo вo Чаир – eднo лицe им пoдлeгнa нa пoвpeдитe

Едно лице е убиено утрово во престрелка во населбата Топанско Поле општина Чаир, пренесува ТВ21.

Пукано е во лице со иницијали Е.Б., кое подлегнало на повредите, јавува МВР.

„На 01.09.2021 година во 09:21 часот пријавено е дека во населба Топанско Поле во близина на бензинска пумпа било пукано во Е.Б. кој починал од повредите. Се превземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за ТВ21.

Извор: mk.tv21.tv

Од денеска НОВИ ПРАВИЛА за ВЛЕЗ и ИЗЛЕЗ од државата, прочитајте што треба да се приложи …

Од денеска на сила се новите правила при влез и излез од Македонија, поради спречување на ширење на коронавирусот.

Така домашните и странски државјани за влез и излез од територијата треба да приложат некој од следните документи: сертификат за извршена имунизација односно примени две дози на вакцина, сертификат за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или негативен тест направен 72 часа пред излез или влез на територијата на Македонија, или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез или влез во државата.

Владата ја дополни и одлуката за задолжителен домашен карантин во траење од 7 дена доколку при влез во државата немаат негативен ПЦР-тест, или потврди за примена вакцина или за прележан Ковид-19, при што времетраењето на карантинот може да се скрати на 5 дена доколку во тој период биде приложен негативен ПЦР-тест.

Ова важи и за домашни и за странски државјани. Трошоците за изолација на странските државјани е на нивни трошок.

Владата денеска донесе измени со кои се предвидуваат исклучоци од оваа мерка за наши државјани возачи на товарни моторни возила, како и за возачи на товарни возила странски државјани кои транзитираат низ земјата.

На денешната седница е усвоен и исклучок од мерката за транзит за авионските екипажи кои слетуваат на меѓународните аеродроми во земјата, според кој наместо 5 часа им се дозволува подолг транзит престој заради природата на нивната работа.

28-годишен починат ДОНОР со ретка крвна група е единствена шанса за 22-годишното момче, во тек ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на бубрег и коскени ткива

На Клиниката за урологија во тек е трансплатација на бубрег од 28-годишен починат донор, а примател е 22-годишно момче. Како што соопшти Министерството за здравство, се работи за донор со исклучително ретка крвна група за која има мал број на приматели на органи на Националната листа за трансплантација и за овие пациенти ова е единствена шанса за живот.

Експлантацијата на бубрег и коскени ткива од починатиот донор била извршена ноќеска со тимовите на д-р Сотир Ставридис и д-р Александар Трајковски, а утрово почна трансплантацијата под раководство на д-р Сашо Дохчев.

„Семејството несебично се согласи да ги донира органите. Благодарение на нивната хуманост, утрово еден бубрег се трансплантира кај-22 годишно момче. Коскените ткива ќе бидат обработени и спремни за трансплантација во наредните денови. Голема благодарност до медицинските тимови кои учествуваа во експлантацијата и до семејството на донорот кои ни покажаа што значи хуманост“, велат од Министерството.

Брзај, брзај прваче кон школскиот двор….Први септември – некогаш и сега

Едно најочигледно, секоја година на први септември во училишните дворови се слушаше џагор од многу деца, насмеани, дотерани сите спремни за на училиште, но оваа година училиштата на први септември се празни. Учебната година започнува во понеделник, на 4 септември. Прва и многу голема разлика за почеток.

Некои едвај го чекаа први септември, да се  вратат во училишните клупи и да започнат со нови цели, но за некои први септември е најлош ден што може да се случи. Крај на секојдневните излегувања, без обврски, спиење до доцна попладне…

Во минатото му се даваше важност на овој ден, но денеска само првачињата се тие кои се највозбудени, а уште повозбудени се и нивните родители. “Брзај, брзај прваче”, песничка која ја знаеја сите првачиња. Со неа ги пуштаа првите чекори во образованието и така започнуваше дружењето со Букварот, на кој сите ние добро се сеќаваме како изгледаше и што се, се криеше во неговите корици.

Сите седеат исплашени, возбудени, уште на прв поглед ја засакуваа учителката. Среќата се познаваше на детските лица. Никој тогаш од родителите на вадеше апарат за да го слика своето најмило, туку сите уживаа во првиот училишен ден. Но, денеска има голема разлика. Родителите едвај чекаат да споделат по неколку слики на социјалните мрежи и да ги известат сите дека нивните деца тргнуваат во училиште, нешто нели што е задолжително. Забораваат да уживаат тие неколку минути таму, туку се препуштени за сликање и правење спомени со сликите, а не со мислите.

Разликата е голема, се менуваат многу работи, па се менува и први септември низ годините. Сега доаѓа ново време на дигитализација кое ќе видиме што ќе донесе за новите генерации.

Како и да среќно првачиња и сите други ученици!