Connect with us

Македонија

ФРЛЕНА ВО ЕЗЕРО БИСТАТА на Анте Поповски и тоа на 18 ГОДИШНИНА ОД СМРТТА, оштетена е и таа на Славко Јаневски

Published

on

Осквернавени бистите на Анте Поповски и на Славко Јаневски во Струга. Бистата на Анте Поповски е пронајдена во Охридското Езеро, додека бистата на Славко Јаневски била оштетена и превртена.

Реагираа од Струшките вечери на поезијата од каде што апелираат на  елементарна почит кон ликот и делата на македонските поети што се вградија во основањето на еден од најпознатите светски поетски фестивали.

– Не сакаме да претпоставиме дека аналфабетите вандали што го извршија овој чин воопшто имаат претстава дека денес 1 октомври се навршуваат 18 години од смртта на Анте Поповски, велат тие.

– Најостро го осудуваме вандалскиот чин на сквернавење на бистата на еден од најистакнатите македонски поети Анте Поповски, којашто беше откорната и фрлена во крајбрежјето, соопштија од СВП.

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски посочувајќи дека полициски службеници извршиле увид и се работи на расчистување на случајот.

– Настанот е пријавен во ОВР Струга, полициски службеници веднаш излегоа на терен да извршат увид на лице место. Полицијата работи на расчистување на случајот и откривање на сторителите, изјави Димоски.

Македонија

„#ВЕРОзаТЕБЕ“ ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА Кампањата носи радост и поддршка за згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост

Published

on

Во духот на божиќните празници, преку подароци од Џамбо маркетите, ВЕРО се грижи празничната сезона да биде исполнета со радост и надеж за сите на кои им е најпотребна.

Кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“, дел од платформата #ВЕРОзаТЕБЕ“, го достигна својот следен чекор со проширувањето во Битола.

По успешното лансирање во Скопје, оваа иницијатива продолжува да прави разлика, обезбедувајќи поддршка за згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост низ Северна Македонија. Во духот на божиќните празници, преку подароци од Џамбо маркетите, ВЕРО се грижи празничната сезона да биде исполнета со радост и надеж за сите на кои им е најпотребна.

– Згрижувачките семејства нудат љубов и стабилност, додека центрите за лица со попреченост обезбедуваат поддршка и еднакви можности. Оваа кампања е повеќе од помош – таа е порака дека нивната работа е вреднувана и дека заедницата стои зад нив. Ваквите иницијативи се клучни за вистинска промена и подобрување на животите на најранливите – изјави Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади.

Continue Reading

Македонија

Измамена жена, маж ѝ зел 18.500 евра за да и направи куќа

Published

on

На 02.01.2025 во 13.45 ч. во ПС ОН – Кочани 45-годишна жена од Кочани пријавила дека била измамена од С.А.

Според пријавеното, од октомври 2024 до денот на пријавување, по претходен договор дека за 22.000 евра ќе и ја направи куќата, во неколку наврати му дала вкупно 18.500 евра, но С.А. не ја направил куќата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Continue Reading

Македонија

Со дрон се бара телото на маж во Вардар, телата на трите жени се дадени на обдукција 

Published

on

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар. 

Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител. Околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадиле возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец, скопско.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција.

Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишното дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, а се трага по А.А.(56) од с.Грчец,скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето, соопштуваат од МВР.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк