Connect with us

Скопје

Почна Скопскиот маратон со АКВАМЕН ? ? (Фото)

Published

on

Традиционално по 17 пат денеска ќе се одржи спортскиот настан Виз Ер Скопски маратон. На истиот има голем број интересни наптреварувачи, па дури и Аквамен од истоимениот филм се појави на скоспките улици 🙂

Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт започна во 8 часот, а трката на 5 километри во 8:10 часот, од платото пред Спортски центар Борис Трајковски, каде што ќе биде и целта на овогодишниот маратон.

Патеката по која учесниците ќе трчаат ќе биде иста, како и претходната година, а од организацијата известуваат дека дел од скопските улици во периодот од 7:30 до 14 часот ќе имаат привремен режим на сообраќај и промена на режимот на работа на линиите на Јавниот градски превоз.

– Целосно затворени за сообраќај ќе бидат следниве улици: ул. „Димитрије Чуповски“, булевар „Илинденска“ од Влада до Зоолошка градина, ул. „Војвода Васил Чакаларов“, ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, ул. „11 Октомври“, делот на бул. „Крушевска Република“ од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициската Станица Пролет, бул. „3 Македонска Бригада“ од семафорите кај Полициската Станица Пролет до раскрсницата со ул. „Фрањо Клуз“, десната коловозна лента од бул. „Јане Сандански“ од Тобако во правец накај Аеродром се до раскрсницата со бул. „Србија“, се наведува во соопштението.

May be an image of 2 people, people standing and outdoors

Делумно затворени за сообраќај ќе бидат следниве улици и правци: десната коловозна лента од бул. „Климент Охридски“ до семафорите кај Влада, бул. „Илинденска“, од Зоолошка градина до „Љубљанска“, спротивната страна ќе биде слободна за движење, ул. „Љубљанска“ во правец од бул. „Илинденска“ до семафорите кај бул. „Партизански одреди“, ул. „Московска“ во правец од бул. „Партизански Одреди“ до Студентскиот дом Гоце Делчев.

Натпреварувачите ќе трчаат од стартот С.Ц Борис Трајковски до ул. „Илинденска“, па лево на ул. „Љубљанска“, потоа право на „Московска“, па десно по ул. „Војвода Васил Чакаларов“, на крајот од улицата се врти полукружно назад, кога ќе се вратат кај Студентскиот Дом „Гоце Делчев“ се продолжува право по „М.Теодосиј Гологанов“, „Димитрие Чуповски“, „11 Октомври“, „Крушевска Република“, „3 Македонска Бригада“, „Фрањо Клуз“, бул. „Јане Сандански“ до крајот (раскрсница со бул. „Србија“), пред семафорот со бул. „Србија“ се врти полукружно назад (на истата коловозна лента) по бул. „Јане Сандански“, „Фрањо Клуз“, „Трета Македонска бригада“, „Крушевска Република“, „11 Октомври“ по „Димитрие Чуповски“ до раскрсницата десно на бул. „Климент Охридски“ до бул. „Илинденска“, лево кај Владата до целта, платото пред СЦ Борис Трајковски. Истата патека се трча два круга за маратонците.

Скопје

Ѓорѓиевски: Реконструкција на мостот „Киро Фетак“ – нова безбедна врска меѓу Кисела Вода и Аеродром

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, и градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, изврши теренски увид на стартот од реконструкцијата на мостот „Киро Фетак“, како и санацијата на регионалниот пат Р-1106, клучна сообраќајна артерија која ги поврзува општините Кисела Вода, Аеродром, Зелениково и Студеничани со автопатот.

Станува збор за две поврзани интервенции – целосна реконструкција и проширување на мостот со тротоари и безбедносни елементи, како и санација на самата улица од страна на државното јавно претпријатие. За проектот, општина Кисела Вода изработи сопствена проектно-техничка документација, додека вредноста на зафатот е проценета на околу 6 милиони денари.

Ѓорѓиевски потсети дека токму овој мост со години претставува опасна точка, со чести сообраќајни незгоди и сериозни ризици за учесниците во сообраќајот. „Со оваа реконструкција обезбедуваме не само побезбедна сообраќајна врска, туку и поквалитетна инфраструктура за нашите граѓани“, изјави тој.

Проектот се оценува како стратешки важен за подобра поврзаност, мобилност и безбедност на целото подрачје, а локалната самоуправа, како што најави градоначалникот, останува посветена на унапредување на инфраструктурата и сервисите за граѓаните.

Continue Reading

Скопје

ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните ќе победат на следните локални избори, не само во Скопје, во најголем дел од општините низ Македонија

Published

on

За тоа кој ќе биде кандидат и кој ќе ја има шансата да биде наредниот градоначалник на Град Скопје, бидејќи и јас и целата јавност сме убедени дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните локални избори, не само во Скопје, во најголем дел од општините низ Македонија, изјави во своето излагање градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во гостување во „Утринско еспресо“ на Радио Лидер.

Ѓорѓиевски говореше за претстојните локални избори коишто треба да се одржат и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедлива победа не само во Скопје, туку во најголем дел од општините. Тој додаде дека градот Скопје потребно е да се менува од повеќе аспекти и дека доколку ја добие поддршката од претседателот и партијата, со конкретни проекти ќе ги објасни проектите коишто ќе ги понуди пред граѓаните.

-Скопје треба да се менува од повеќе аспекти, првенствено треба да се обезбеди гасификација во градот. Доколку ја добијам поддршката од партијата и претседателот, со конкретни локации ќе објаснам од проектите коишто ќе ги понудам пред граѓаните, колкава ќе биде финансиската рамка за истото, рокот на реализација и се останато, вели Ѓорѓиески за Радио Лидер и додава:

-Јас имам доста сработено зад себе, изминативе повеќе од три години во мојата општина. Од една општина каде што немаше основни услови за функционирање, општина во која што во 21 век требаше да се бориме со воспоставување на фекална канализација, водоводна мрежа, општина која немаше ниту еден парк, имаше проблем во секое училиште, немаше спортски сали, имаше над 350 дечиња кои што чекаа да бидат запишани во градинки, што значи еден куп наталожени проблеми. Успеавме да дојдеме до ниво често пати во јавноста нашата општина во моментов да се споменува за пример, заклучува Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Скопје

Во моментов: Сообраќаен колапс во центарот на Скопје, автобус на ЈСП остана во дефект

Published

on

Во моментов, во центарот на Скопје, на раскрсницата кај Соборната црква, се случи сообраќаен хаос. Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) остана во дефект и ја блокираше целата раскрсница, создавајќи големи сообраќајни застои.

Патниците беа принудени да излезат од автобусот. Сеуште нема официјални информации од ЈСП во врска со причините за дефектот и времето потребно за решавање на состојбата.

Ова не е прв пат автобус на ЈСП да се расипе низ скопските улици и да предизвика хаос во сообраќајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк