(ФОТО) НИТУ ТРАГА од нејзината УБАВИНА: Алкохолот и естетските операции ѝ го уништија лицето

Карла Бруни (52) беше еден од најпознатите топмодели, рамо до рамо со Клаудија Шифер, Наоми Кемпбел, Линда Еванџелиста. Таа е пејачка и текстописец и денес снима албуми, а повремено се појавува на престижни модни ревии.

Минатата недела се појави на ревијата на „Балмејн“ во рамките на Модната недела во Париз.

Карла, инаку, е сопруга на поранешниот француски претседател Никола Саркози од 2008 година.

Италијанката порано ја красеше неверојатна убавина, но за жал, подлегна на бројни естетски операции, ботокс и слично, поради што денес е видно изобличена.

Нејзините медиумски настапи денес се многу ретки, па сите беа изненадени од интервјуто за британскиот „Телеграф“, во кое зборуваше за карантинот со своето семејство, но и за проблемите со алкохолот.

– Кога пијам, претерувам. Размислував, ако го поминам карантинот пиејќи алкохол, готова сум, мртва сум. Не знам како да бидам умерена – рекла Карла Бруни, додавајќи дека во текот на карантинот успеала да го надмине овој проблем.

До својата 20-та година, Карла Бруни беше меѓу 20-те најдобро платени модели во светот, а заведе многу познати и постари мажи. Таа беше со Мик Џегер и Ерик Клептон, а мажите ширум светот воздивнуваа по неа.

Ниту јавноста не можеше да се засити од нејзината убавина и шарм, а поинформираните извори тврдат дека Саркози полудел за време на првата средба во 2007 година. Се шпекулираше дека таа го завела и Доналд Трамп.