На БОГАТИТЕ ЖИВОТОТ им е ПОТЕЖОК отколку на СИРОМАШНИТЕ

Популарниот американски пејач Ејкон (48) пред еден месец, по смртта на актерот Мајкл К. Вилијамс вознемири многумина со изјавата за животот на богатите.

Вилијамс е најпознат по улогата на Омар во хит серијата „The Wire“, а во текот на животот бил пријател со Ејкон. Актерот наводно починал поради последици од предозирање.

По повод тој трагичен настан, Амар Ејкон коментирал дека Вилјамс е само уште еден во низата успешни луѓе кои се кријат зад „фасадата на успехат“, пренесува „ТМЗ“.

– Познатите и богатите поминуваат низ повеќе проблеми отколку сиромашните. Колку повеќе пари, толку повеќе проблеми – реко тој.