Connect with us

Македонија

Британија донираше вреќи за спиење на македонската армија

Амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј денеска на министерката за одбрана Радмила Шекеринска во скопската касарна „Ѓорче Петров“ и ја предаде британската донација од системи за преноќување, наменети за припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и за специјалните сили, во вредност од 230 илјади фунти, опрема добиена преку НАТО Агенцијата за јавни набавки.

Донацијата, наменета за единицата за НАТО операции каде влегуваат Лесната пешадиска баталјонска група и специјалните единици, се состои од околу 4.000 парчиња (3.963), два типа вреќи за спиење едни за три сезони, другите летни со мрежа за заштита од комарци, подлоги за вреќи за спиење, мали шатори – набљудувачници за снајперисти, тунелски шатори за специјалци, резервни потпорни шипки.

Според министерката Шекеринска, овој настан покажува дека кога имате план и го спроведувате и имате сојузници, можете целосно и брзо да ги реализирате сите чекори. Нагласи дека како Армија, како МО и како Влада направиле се секојдневно да се реформира, да се трасформира и да се опремува нашата армија, да одговара на потребите на нашите граѓани, на нивната безбедност, но и да личи на Армија на една НАТО земја членка.

– Токму поради тоа во изминатиот период нашиот фокус и во поглед на персоналот и во поглед на условите за работа и опремувањето, го ставивме на Лесната пешадиска батаљонска група во Штип и ова денеска ќе биде плус за нивното опремување, изјави Шекеринска.

Таа потсети дека во изминатиот период освен што се обезбедени повисоки примања и нова структура на Армијата на РС Македонија, обезбедени се и дополнителни приходи за сите припадници на Лесната пешадиска батаљонска група во Штип. Од нив бараме подобри резултатие, истакна министерката Шекеринска, мора државата повеќе да им понуди.

Шекеринска најави дека за оваа група ќе бидат наменети и најсовермени околопни возила и наведе дека се обезбедни и целосна униформа, спортска опрема, ЏПС системи и дополнителна логорска опрема, како дел од опремата што припаѓа на ваква група.

Помоша од Обединетото Кралство во поглед на нашите армиски и одбранбени реформи, потенцира Шекеринска, е многу значајна и таа поддршка продолжи и со голема инвестиција во тренингот на нашите луѓе на различни нивоа.

– Сојузништвото носи резултати, особено за држави како РС Македонија. Да имаш сојузници како Обединетото Кралство навистина е аргумент плус, дополнителна сила, енергија и шанса да развиеме сили што ќе бидат вистински НАТО сили, изјави министерката Шекеринска.

Taa информира дека претставници на воените структури на Обединетото Кралство го посетиле и армискиот полигон Криволак и ја споделиле нашата визија, како што рече,за поамбициозен план за овој полигон.

Шекеринска најави дека очекува во следните неколку недели да започне првата набавка преку НАТО Агенцијата.

Амбасадорката Галовеј истакна дека оваа опрема е меѓу најдобрите и ќе овозможи на пешадиските сили да дејствуваат во мисиите во НАТО во сите временски услови.

– Обединетото Кралство останува посветено во поддршката на Македонија за способноста во НАТО и во моментот сили од Обединетото Кралство обезбедуваат совети за пешадиска обука на првиот од макеоднските батаљони даден на располагање на НАТО, изјави амбасадорката Галовеј.

Вториот тим, најави таа, ќе пристигне во текот на годината за да обезбеди совети за тактичка обука и лидерство за пешадиската група.

Македонија

Автошколите под лупа: Дали договарале цени за обука на возачи?

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) фрли сенка врз работата на авто-школите во земјава, откривајќи индиции за можно картелско договарање на цените за обука на возачи. Одлучувачката Комисија за прекршоци при КЗК соопшти дека извршила голем, интензивен увид во повеќе од 40 авто-школи ширум Република Македонија. Целта е утврдување можни драстични прекршувања на Законот за заштита на конкуренцијата.

Она што го откри комисијата е многу сериозно. При увидот, се појавиле силни индиции кои упатуваат на усогласено однесување на авто-школите, односно нелегален картелски договор при формирањето на цените за кандидатите за возачи.

Ова потенцијално претставува директно кршење на клучниот член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата, кој го забранува договорното однесување кое ја попречува или ограничува конкуренцијата.

Комисијата нема да застане тука. Тие најавуваат интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите факти поврзани со ова сомнително однесување.

Доколку истрагата го потврди постоењето на забранетото договорно дејствување – односно дека авто-школите им штетеле на граѓаните со вештачки надуени цени – КЗК порачува: ќе бидат преземени најостри мерки согласно законот.

Комисијата е посветена на заштита на фер пазарот и на интересите на потрошувачите – порачаа од КЗК, најавувајќи дека случајот ќе го следат до крај.

Continue Reading

Македонија

Голема полициска акција во Прилепската болница – има уапсени

finansiska

Финансиската полиција денес изврши апсење на лице директно поврзано со Општата болница во Прилеп.

Според информациите, станува збор за сериозен криминал – проневера на вртоглава сума од околу 16.000.000 (шеснаесет милиони) денари од болничките сметки.

Иако засега надлежните институции молчат и не изнесуваат официјални детали, истрагата е во тек.

Повеќе детали за овој скандал се очекуваат во текот на денот, веднаш по официјалната потврда од истражните органи.

Извор: Прес24 

Continue Reading

Македонија

Туфегџиќ: Ревизија на предметите во ОЈО клучна за враќање доверба во правосудството

Вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, адвокатот Владимир Туфегџиќ истакна дека новоизбраниот јавен обвинител треба итно да спроведе ревизија на проблематични предмети во Јавното обвинителство.

„Новиот јавен обвинител веднаш да спроведе контрола на законите во неколку предмети на сите обвинители по случаен избор. Ќе испливаат на површина обвинители кои имаат хроничен проблем со обвиниение, со начинот на постапување, со менаџирање на постапка, со прибирање на докази. Јавното обвинителство ќе добие реална слика кој како постапува, и ќе видите дека шест месеци колку трае истрага, во голем дел не е преземено ниту едно дејствие“, рече Туфегџиќ.

Адвокатот нагласи дека ревизијата е клучна за враќање на довербата на јавноста во работењето на обвинителството.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг