ПО 10 ДЕНА ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА РИБАРОТ: Паднал во езерото Козјак и се удавил

Вчера во 09.30 часот на површината на водата од езерото „Козјак“ било пронајдено телото на Б.Л.(55) од с.Пополжани, кичевско, кој на 25.09.2021, додека ловел риба, паднал во водите на езрото и се удавил.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.