Connect with us

Македонија

Спремете се, од денеска пороен дожд и пад на температурите

Published

on

Променливо облачно со сончеви периоди и постудено. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.

Под влијание на влажна воздушна маса од четврток следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м2 за 24 часа, а ќе бидат проследени со повремено засилен ветер. Дневните температури од четврток насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.

Македонија

Во Фондот за иновации е откриен криминал од неколку милиони евра

Published

on

Во синоќешното гостување на „ТопТема“, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека неколку минати раководства на ФИТР, работеле криминално и направиле бројни финансиски злоупотреби и криминали, за кои се поднесени и се поднесуваат кривични пријави.

„Се покажа дека Фондот за иновации со сите негови претходни директори во последните 6 години работел многу криминално. Неколку милиони евра штета се во прашање направени. Оваа недела ќе има и нови кривични пријави, за различни проекти кои што никогаш не се реализирале, а биле исплаќани”, потенцираше Андоновски.

Тој додаде дека Фондот за иновации го има изгубено кредибилитетот поради оние кои што додека раководеле со фондот давале пари за непостоечки иновации, оценети негативно и од ревизорски извештаи.

„За жал, Фондот за иновации го изгуби кредибилитетот кај граѓаните и ние ако отвориме нова програма утре во Фондот за иновации, луѓето ќе речат вие сте исти како претходните. Како што претходните делеа пари за хулахопки, за пица рецепти, за небинарен тоалет, така и вие сега ќе правите за некои нови. Тоа не можеме да го дозволиме.”

Министерот додаде дека планот е постапно Фондот да се затвори, а надлежностите да ги преземат Министерството за дигитална трансформација, МОН и други соодветни институции.

„Идејата е Фондот да се затвори и тоа ќе се случи во текот на 2025 година, а надлежностите во поглед на технолошкиот развој, иновациите да ги преземат институциите кои што се соодветни на тоа, во поглед на технолошкиот развој, дигиталните иновации тоа е нашето министерство, во научните проекти и иновации министерството за образование. Планот за тоа ќе биде постапен”, појасни Андоновски.

Андоновски испрати и поттикнувачка порака до моменталното раководство на ФИТР, да работи уште понапорно на ревизијата како би се открило сè што се случувало внатре.

„Го поттикнувам Фондот да работи уште понапорно на ревизијата. Кога ќе го исчистиме процесот од овој неквалитет и криминал што му се случува на ФИТР, ќе имаме отворено поле да дискутираме која е следната патека. Според мене тоа се  Европските Дигитални Иновациски Хабови (EDIH) како иновативен начин да одиме напред, за кој што обезбедивме еден милион евра кофинансирање, за проекти кои ќе финансираат дигитализација на малите и средните претпријатија. И тоа е вистинска инјекција за бизнисот”, дециден беше Андоновски.

Continue Reading

Македонија

Андоновски: Со валидноста на печатената форма на документот изваден по електронски пат, граѓаните нема да плаќаат двапати

Published

on

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека со законските измени со кои отсега печатената верзија на документот изваден по електронски пат преку порталот uslugi.gov.mk станува валидна, граѓаните нема да плаќаат двапати како досега кога поради неважење на печатената верзија беа принудени повторно да го вадат истиот документ на шалтерите и за истиот да плаќаат.

– Ново во законот е тоа што не се врши дополнителна проверка што претходно мораше да се направи за документот да биде валиден. Претходно можеше документот да се користи електронски, но неговата печатена верзија не важеше. Сега со измените, печатената верзија на електронскиот документ е целосно валидна, има времен жиг, електронски печат и потпис, појасни Андоновски во вечерашното гостување на телевизија Телма.

Во однос на порталот uslugi.gov.mk, Андоновски рече дека се дигитализирале услуги кои било најлесно да се дигитализираат и токму затоа има услуги што никогаш досега не се искористени или се користени два до три пати.

За дигитализацијата, рече дека наследил состојба во која овој процес бил оставен да пропаѓа, а наследил и три тужби од повеќе милиони евра од Македонската радио телевизија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Радиодифузија.

Continue Reading

Македонија

Борбата за правда продолжува

Published

on

Борбата за правда продолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето, напиша на својот фејсбук-профил Гордана Јанкуловска, поранешната министерка за внатрешни работи која беше обвинета во случајот „Тврдина“. Таа изјави дека е задоволна од денешната пресуда на Основниот кривичен суд.

„Календарски помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост. Само семејството и релативно мал круг блиски луѓе и пријатели знаат како изгледаа овие години.

Задоволна сум од денешната одлука на судот кој ги уважи нашите аргументи. Без оглед што во кривичната постапка не се утврди виновникот за масовното прислушување, што мене како една од најголемите жртви на овој монструозен чин и на моето семејство од корен ни ги промени животите и ни нанесе ненадоместлива штета, борбата за правда продолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето“, напиша Јанкуловска.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк