СДК: СТО ИЛЈАДИ ЕВРА трошок по вработен во Инспекторатот за јазици ❗

Во инспекторатот за јазици кој настана како резултат на Законот за двојазичност за еден вработен се трошат по 100 илјади евра годишно.

Во други институции трошокот по вработен е десет пати помалку, пишува во своето истражување сдк.мк.

“Десетици илјади административци напикани во државни органи кои со секоја власт изминативе 30 години се размножуваат како плева, го чинат буџетот милијарди евра за плати, придонеси, коли и мебели, а често и за „расходи“, за кои никој не знае за што се.

Токму преку мистериозни ставки за разни „расходи“, се слеваат милионски суми евра во разни измислени државни органи, кои имаат директори, коли, секретарки, управни одбори…”, објави порталот.

Повеќе детали на СДК.мк