Connect with us

Македонија

СКАНДАЛОЗНА АНКЕТА: Основци требало да одговорат дали имале cеkc со постари и да го наведат бројот на партнери!

Дали сте сликале сцена со сексуална содржина во соблекувална или тоалет и дали сте ја објавиле на интернет; дали сте имале сексуални односи со лица постари од вас, колку заработуваат твоите родители, дали твоите родители се алкохоличари, вакви прашања во анкета добиле ученици во Основното училиште „Климент Охридски“ во Битола.

Ова за тв 24 го тврди претседателката на Советот на родители Љубица Мушуланова Ристевска. Таа вели дека на родителите претходно им била побарана согласност за анкетата, но истата била претставена како прашалник за насилство во училиштата. Откако дел од учениците им ги кажале прашањата, родителите побарале увид во анкетите, но училиштето ги одбило. 

Според родителите, ваквите прашања се несоодветни за деца на таа возраст. Од училиштето пак потврдуваат дека била спроведена анкета за врсничкото насилство, но демантираат дека во анкетата биле  користени прашања за сексуални активности со возрасни. 

„ОУ „Климент Охридски“ ги демантира пишувањата во јавност дека во истражувањето кое се спроведе на тема „Врсничко насилство меѓу младите во основните и средните училишта во нашата земја“ биле користени прашања за сексуални активности со возрасни. Потврдуваме дека како училиште дадовме согласност за да се спроведи истражувањето на професорката доцент д-р Димитринка Јорданова-Пешевска од Универзитетот „Американ Колеџ“ од Скопје. Класните родители ги информираа родителите и старателите на учениците кои дадоа согласност за спроведување на анкетата при што најодговорно тврдиме дека при анкетирањето се почитувани сите постапки.“ – велат од ОУ „Климент Охридски“ – Битола.

Освен соопштението, од диркеторката на училиштето не добивме одговор зошто не се даваат анкетите на увид на родителите. Тие пак велат дека веќе доставиле и претставка до Просветниот инспекторат. ТВ 24 се обиде да стапи во контаткт со професорката Пешевска, но таа беше недостапна на нејзиниот телефон.

Македонија

Германски воен авион наместо во Приштина – принудно слета во Скопје

Германски воен авион денеска не успеал да слета на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина поради недостиг на сертифициран персонал за слетување во услови на намалена видливост.

Од Агенцијата за воздушна навигација информираа дека другите летови функционираат нормално, а проблемот се однесувал конкретно на воениот лет.

Податоците од платформата Flightradar24 покажуваат дека авионот полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и бил пренасочен кон Скопје, каде безбедно слетал.

Инцидентот повторно го отвори прашањето за техничката подготвеност на аеродромот во Приштина за слетувања во комплексни метеоролошки услови.

Continue Reading

Македонија

Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози

09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.

ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го потенцираше ставот на Владата дека Македонија нема да прифати илегални мигранти и нема да дозволи поставување шатори за нив на територијата на земјата.

Повод за изјавата беа објавите на британските медиуми дека Велика Британија разгледува можност за депортирање на одбиени баратели на азил во Северна Македонија, при што секој депортиран мигрант би бил платен од британската страна. Мицкоски изјави дека со британските власти оваа тема не е разговарана и дека, доколку биде, Владата ќе ја одбие таквата опција.

„Во објавите се наведува ‘неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји’. Да потенцирам пред македонската јавност – таква тема не е предмет на разговор, а и да биде, ќе биде одбиена од наша страна. Нашата цел е заеднички да се бориме против илегалната миграција и да ја браниме Европа“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека опозицијата се обидува да го користи прашањето за мигрантите за политичка кампања, но нагласи дека борбата против илегалната миграција е фундаментална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави и нов проект „Безбедна држава“, инспириран од концептот „Безбеден град“, кој ќе овозможи мониторинг на македонските граници и ќе го спречи илегалниот влез, шверцот и трговијата со луѓе.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг