Connect with us

Македонија

„Aко ја изгубиме македонската држава, нема да постои државен ентитет да се интегрира во ЕУ“

Published

on

Првиот човек на МАНУ, Љупчо Коцарев, по повод денешното одбележување на Денот на Македонската академија на науките и уметностите изјави дека ако ја изгубиме нацијата, не ни треба европска интеграција.

Вели дека ако пак ја изгубиме македонската држава, нема да постои државен ентитет да се интегрира во ЕУ. Според него, на Македонија ѝ е потребен нов фундаментален договор поддржан во континуитет од релевантните политички субјекти, независно дали се на власт или во опозиција. Коцарев рече дека во изминатите 30 години бевме сведоци на уништување на македонската држава. 

„Предлагам да се донесе закон со кој ќе се одземат ингеренции на МОН да изготвува стратегии за развој за образование и наука, или да подготвува реформи во образовниот и научниот систем. Второ, стратегиите реформите во синергија ќе ги подготвуваат МАНУ, универзитетите и стопанските комори. МОН ќе биде обврзан да ги имплементира така подготвените стратегии и реформи“, рече Коцарев.

За преговорите со Бугарија, Коцарев бара широк политички консензус. Инаку, новото барање на Бугарија е да се вметнат Бугарите во македонскиот Устав. Македонскиот премиер Зоран Заев рече дека не е проблем тоа да се направи, но не мора да се брза. Додека не се тргне блокадата на Бугарија, Македонија не може да почне да преговара со ЕУ. Бугарија го споменува и пописот кој заврши во земјава, и очекува да види големо бугарско малцинство во земјава, алудирајќи на Македонците кои од економски причини земале бугарски пасоши. 

Извор: Фактор мк

Македонија

„Дајмонд мол“ под вода: Проблеми со прокиснувањето.

Published

on

Дождовната вода вечерва го поплави последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“, каде вработените беа принудени со кофи да собираат вода. Оваа непријатна ситуација предизвика реакции кај посетителите, особено имајќи ја предвид вредноста на инвестицијата од 350 милиони евра. Случајот отвора прашања за квалитетот на изведбата и надзорот.

Continue Reading

Македонија

Граѓаните закажуваат па не доаѓаат, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле на компјутерска томографија

Published

on

Во изминатиот период, во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле. Тоа се над 23 проценти од пациентите кои не се појавиле и претходно, не го отккажале терминот во јавното здравство, изјави денеска заменик министерот за здравство Јовица Андоновски.

Тој објасни дека се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти. Апелираше до граѓаните, доколку имаат закажан термин, а не можат да го искористат, барем последниот ден со смс порака или преку докторот, да го откажат терминот. На тој начин ќе остават место пациентите на кои навистина им треба дијагностичка процедура да ја завршат и да нема големи листи на чекање.

„Ги следиме податоците на закажани термини и на искористени термини. Стварно се јавува еден доста голем проблем. Ние сме во постојана координација и со Мој термин и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Разговараме за да изнајдеме идејно решение како тоа би се надминало“, посочи Андовски.

Тој кажа дека ова е многу голем проблем затоа што им се зема редот на оние граѓани на коишто навистина им треба дијагностичка процедура. Андовски рече дека се прават анализи и дека во многу земји тоа се решава на повеќе начини само треба да се реши на кој начин тоа ќе се направи.

„Во некои земји, двапати ако се откаже терминот, следува одредена парична казна или пак нема да може да закаже редовен термин за одреден временски период. Ние не би сакале да одиме со такви реперкусии. Првин ќе апелираме, ќе видиме, ќе разговараме и со докторите, ќе разговарме и преку здруженијата на пациентите, ќе апелираме. Тоа е последно што може да направиме“, подвлече тој.

Од Мој термин се праќаат пораки и потсетуваат, и според Андовски, дури и последниот ден да се откаже терминот таму се организирани, може веднаш да го ослободат терминот.

Continue Reading

Македонија

Во Штип дуваше ветер со 100 км. на час кој урна дрвја и покриви на куќи

Published

on

Повеќе од 20 часа во Штип дуваше силен ветер со брзина од над 100 километри на час. Во текот на изминативе два дена од силниот ветер се паднати повеќе дрвја на неколку локации во градот. Едно дрво падна врз покривот на средното училиште „Коле Нехтетнин“, а едно кај градинката „Вера Циривири-Трена“, на места каде обично нема многу минувачи.

Општинските служби јавуваат дека нема повредени, но дека во некои населби паднале скршени гранки од стари дрва врз паркирани автомобили, а имало и оштетени покриви.

Од ЈП „Исар“ велат дека имале над 10 интервенции на паднати дрвја и гранки, а исто толку интервенции на повик имала и противпожарната единица во Штип. И од двете служби велат дека и понатаму се очекува да продолжи невремето во Штип и околината и ги советуваат граѓаните да не излегуваат од дома ако немаат потреба и да внимаваат каде се движат.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк