Connect with us

Македонија

„Aко ја изгубиме македонската држава, нема да постои државен ентитет да се интегрира во ЕУ“

Првиот човек на МАНУ, Љупчо Коцарев, по повод денешното одбележување на Денот на Македонската академија на науките и уметностите изјави дека ако ја изгубиме нацијата, не ни треба европска интеграција.

Вели дека ако пак ја изгубиме македонската држава, нема да постои државен ентитет да се интегрира во ЕУ. Според него, на Македонија ѝ е потребен нов фундаментален договор поддржан во континуитет од релевантните политички субјекти, независно дали се на власт или во опозиција. Коцарев рече дека во изминатите 30 години бевме сведоци на уништување на македонската држава. 

„Предлагам да се донесе закон со кој ќе се одземат ингеренции на МОН да изготвува стратегии за развој за образование и наука, или да подготвува реформи во образовниот и научниот систем. Второ, стратегиите реформите во синергија ќе ги подготвуваат МАНУ, универзитетите и стопанските комори. МОН ќе биде обврзан да ги имплементира така подготвените стратегии и реформи“, рече Коцарев.

За преговорите со Бугарија, Коцарев бара широк политички консензус. Инаку, новото барање на Бугарија е да се вметнат Бугарите во македонскиот Устав. Македонскиот премиер Зоран Заев рече дека не е проблем тоа да се направи, но не мора да се брза. Додека не се тргне блокадата на Бугарија, Македонија не може да почне да преговара со ЕУ. Бугарија го споменува и пописот кој заврши во земјава, и очекува да види големо бугарско малцинство во земјава, алудирајќи на Македонците кои од економски причини земале бугарски пасоши. 

Извор: Фактор мк

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг