Ременски против Царовска:Што разбрала таа што во МВР ќе пријавува книжарници

Професорката Фросина Ременски и поранешна висока функционерка на СДСМ и на Собранието, ги критикува предупредувањата од МОН дека сите оние што ќе продаваат хартиени учебнци, ќе добијат пријави во Полиција.

„Нашата домашна библиотекa брои околу 2.100 книги од секаков жанр и на повеќе јазици. Каде и да одиме купуваме книги, а на старите напуштени им даваме живот и век. 

Син ми “чул – не дочул” ме прашува вчера зошто полиција ќе оди по книжари како што чул на телевизија. Како да му кажам на детето дека, книгата никој не може да ја забрани – напротив колку е позабранета, толку повеќе ќе се бара. 

Но, колку разбрал тој, толку разбрала таа што во МВР ќе пријавува книжарници. 

Ќе беше подобро да ги пријави 60-те милиони евра потрошени за лаборатории кои (дел) со фалсификати наместо на факултетите отидоа по МВР и никогаш не стигнаа до студентите – исто како оние компјутери за секое дете. Ама неее …, таму не смее да се чепка, па затоа удри по книжарите“, пишува Ременски на својот гејсбук профил