Алармантно на Водно: Се слушнал силeн трeсок поради лизгање на земjиштето

Ноќеска имало спуштање на поголема маса земја проследена со силен тресок, како експлозија, таму каде што не смее да се гради, во подножјето на Водно. Се исече парк од 20 дрвја со потпис на Шилегов за да се гради монструм, објавија од Твоја партија.

„Советот на Центар, сосе градоначалникот на Центар дозволија да се копа дупка од 10- 12 метри на подножјето на Водно. Вчера после заминување на работниците, кои спасиле жива глава за кратко време дождот и ерозијата си го почнаа спуштањето на земјата. Пријавено до инспекција на време, месеци пред настанов, но како тоа што кај нас е секогаш така, безобразно организирано, почнува свлекувањето надоле на дел од Водно“, предупредуваат од Твоја партија.

Од таму прашуваат кој стои зад оваа стравотија и треба да одговара за опасноста која ја предизвикува.

„Градежните стручњаци велат- се е опасно, и продолжување со работа и затрупувањето со земја. Куќите может да се лизнат во дупката. Прес-конференција ќе се одржи утре од моја страна заедно со граѓаните кои се директно засегнати,во 11 и 45 .На 11 октомври на празник. Да ја спречиме трагедијата“, додаваат од таму.