Дрва, струја или пелети, што е најисплатливо за грејната сезона во услови на раст на цените?

На дрва евитно, со струја чисто. Според пресметките, за претстојната грејна сезона на едно домаќинство за затоплување на домот ќе му бидат потребни од 200 до 700 евра. Сумата зависи од начинот на кој ќе се греете. Во земјава, според последните податоци на Државниот завод за статистика, најголем дел од домаќинствата за огрев користат дрво. Неговата цена во просек се движи околу 50 евра за метар кубен, не земајќи ги предвид трошоците за транспорт и сечење. Според ова, за затоплување на простор од 60 метри квадаратни, ќе ви бидат потребни околу 23 илјади денари.

Ако одлучите истиот простор да го греете со струја, сумата која ќе треба да ја одвоите зависи од грејното тело.. Со инвертер, тоа ќе ве чини околу 200 евра. За греење со останати грејни тела на струја, ќе треба да одделите сума од над 20 илјади денари.. Сепак, неизвесно е дали овие пресметки ќе останат исти во текот на целата грејна сезона поради најавите за криза во обезбедувањето на електрична енергија.

Греењето со градско парно, жителите на Скопје ќе ги чини околу 24 илјади денари.

Доколку својот дом го затоплувате со пелети, пресметките покажуваат дека во просек се трошат околу два и пол тони за кои ќе треба да платите околу 36 илјади денари.

Анализите откриваат дека најскапиот енергенс за греење на домот е нафтата. Таа е и најмалку користена од домаќинствата – според податоците од статистика, само половина процент од населението во државата употребува нафта за затоплување.

Сител ТВ