Демири: „Професори и магистри работат како келнери, а неписмените прават закони во министерствата!“

„Изборните листи се исполнети со бројки на кандидатите, но треба тие листи да бидат отворени и да имаат напишано име и презиме на предложените кандидати, за да се знае кој се заокружува. Треба да се заокружат истакнатите кандидати со нивно име и презиме, а не бројките со партиските војници.“ – пишува Осман Демири, уметнички фотограф и директор на приватната уметничка галерија „Култ“ од Гостивар, во својата колумна под наслов „Луѓе сме, а не бројки!“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.

„Зошто треба да има бројки, зошто да не биде со име и презиме?! Зошто листите не се отворени, со име и презиме, туку треба преку бројките да ги протуркаме нанапред незнајковците, неписмените, политичките „пазарџии – измамници“?

„Низ листите имам многу пријатели и другари, докажани луѓе од сите партии и од сите националности, кои би сакал да ги заокружам без никакво колебање! Едниот од една партија, двајца или тројца од друга партија, да го пополнуваме политичкиот мозаик со истакнати луѓе, кои нас не не срамат и не не деградираат на овој начин!“

„Листите се исполнети со партиски војници, со смешни слогани, со патетични концепти и со просечни содржини. Ни ја набркаа младината, потценувајќи ја нејзината интелигенција. Професори, инженери и магистри работат како келнери, додека оние што едвај завршиле средно училиште со костуми и јаки изготвуваат закони и талкаат низ министерствата и управите.“


„И пак бројки: под 20 или 30 – докажани кандидати, но се истуркуваат нанапред бројките 2 или 3 – на неуспешни кандидати! Време е да не сметате како луѓе, НЕ КАКО БРОЈКИ!“ – пишува Осман Демири во својата колумна, објавена во „Лајм“.


Извор: https://lajmpress.org/jemi-njerez-jo-numra/