Го имаме РЕКОРДЕРОТ во промили: Типов возел со „КРВ во АЛКОХОЛОТ“!

Полицијата информира дека синоќа во периодот од 23.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 70 возачи.

-Од нив, 12 на територијата на СВР Скопје, по 11 на територијата на СВР Тетово, СВР Охрид и СВР Штип, девет на територија на СВР Велес…, велат од МВР.

Според објавеното, еден од „фатените“ возачи се движел со 4,26 промили алкохол во крвта.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од полицијата.