Во Косово уапсена исламска paдикална милитaнтнa група – планирала теpоpиcтички напади

Косовскиот весник „Бота сот“ објави нови детали во врска со вчерашното апсење на петте лица осомничени за терористички напади во Косово.

Бота сот“ пишува: „Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека при апсењето била пронајдени експлозивни материјали, огнено оружје, еден дрон, како и антитенковско оружје. Медиумите дознаваат дека меѓу уапсените бил и Ардијан Гјурај од градот Пеќ. 

Гјурај и е познат на правдата во Косово. Тој беше уапсен на 12 декември 2015 година во Газиантеп, во Турција и бил обвинет за кривични дела, кои го поврзуваат со тероризам.
Гјурај беше прогласен како виновен на 12 февруари 2018 година, каде што и беше осуден на затворска казна од една година и пет месеци. Во пресудата му било засметано и времето поминато во притвор од 5 септември 2016 година. Но, Апелацискиот суд го ослободил Ардијан Гјурај од обвинението за кривични дело, кое го поврзувало со тероризам. Потоа Ардијан Гјурај го сменил презимето во Ќеркинај.“

„Според обвинителниот акт, Ардијан Гјурај во годините 2014 – 2015, живеејќи во Германија, бил поддржувач на идеологијата на терористичко – екстремистичката организација ‘Исламска држава’. Неговиот татко Кујтим Ќеркини го пријавил во полиција Ардијан, а германската полиција го депортирала во Косово на 18 април 2018 година. Но, сепак, според обвинителниот акт, во декември 2015 година Ардијан Гјурај отпатувал кон Турција со групата на организацијата ‘Лиза – Р’. Во Турција тој бил разделен од групата и потоа го имал продолжено патувањето кон Сирија, каде што и се придружил на групата на Косовци – припадници на Исламската држава.“

„Во обвинителниот акт се наведува дека Ардијан Гјурај бил упасен од турските власти на 25 февруари 2016 година откако ја минал илегално границата Сирија – Турција, влегувајќи на територијата на турската држава. Обвинителниот акт објаснува дека на турските власти кои го упасиле Гјурај, тој им бил пријавен како државјанин на Русија со име и презиме Ашаб Арсаев, а на 5 септември бил депортиран во Косово.“

Инаку, „Бота сот“ претходно во текот на вчерашниот ден попладнето имаше објавено: „Пет лица се уапсени под сомневање дека подготвувале терористички напади во Косово. Информативниот портал ‘Kallxo’ од Косово дознава дека станува збор за група исламски радикални милитанти, кои планирале да вршат терористички акти во Косово. Извори на медиумите велат дека петте членови на групата се Албанци и оти двајца од нив биле и порано апсени како дел на исламски радикални групи. Се уште не е јасно дали групата била дел, или дали имала врски со Исламската држава, или со други терористички организации.

„Екрем Лутфиу, портпаролот на Специјалното обвинителство на Република Косово изјави: „Специјалното обвинителство на Косово соопштува дека по неколкумесечна истрага и по спроведувањето на тајните мерки на истрага и следење, со наредба на ова обвинителство е развиена операција од страна на косовската полиција, односно од Управата против тероризам, која резултираше со апсењето на петте лица. Специјалното обвинителство известува дека при апсењето се пронајдени експлозивни материи, огнено оружје, дрон, како и антитенковско оружје. Постои основано сомневање дека уапсените лица сториле кривично дело ‘подготвување на терористички дела или дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово. Ова обвинителство во рамки на законскиот рок ќе поднесе барање за определување притвор за петте уапсени лица“. – објави „Бота сот“

Извор: https://www.botasot.info/kronike-e-zeze/1683101/detaje-te-reja-rreth-te-arrestuareve-per-planifikim-te-sulmit-terrorist-ne-kosove-njeri-nga-ta-kishte-nderruar-mbiemrin/