Македонците во Бугарија бараат Софија да престане со негирање и асимилација

Преку декларација издадена од здруженијата на годишнината од Кресненското востание, се бара и официјална Софија да прекине со политиката на дискриминација, асимилација и негирање на Македонците.

„Ја осудуваме политиката водена од Република Бугарија против Република Македонија, поставувањето на иритирачки услови пред нејзиното членство во ЕУ, а имено да се откаже од идентитетот на македонската нација, јазикот, историјата и да се одрече од македонското малцинство во Бугарија“, се наведува во Декларација на македонски здруженија во Бугарија.

Стојко Стојков од ОМО Илинден – Пирин вели дека на ваков чекор се решиле бидејќи според нив ситуацијата меѓу двете држави се влошува. На бугарските барања вели дека треба да се возврати со реципроцитет. Не очекува искрени намери од Бугарија, се додека Софија не спроведе вистински попис во кој би имало и графа Македонци.

-Прашан за декларацијата на македонските здруженија пак, премиерот Заев вели дека според него, не е европски и не е принципиелно за земјава да се меша во внатрешните работи на соседна земја. Уставот на земјава како што посочи тој и договорот за добрососедство е јасен во делот немешање во внатрешните работи на други земји.-Стојко Стојков – ОМО Илинден – Пирин .

Барањето Македонија да се откаже македонско малцинство во Бугарија е една од точките 5+1 кои беа наведени по самитот во Словенија, на кој на маса беше и деблокадата на македонските евроинтеграции.

YouTube video player