Манескин објавија нов хит, а веќе е слушан над ДВА милиони пати (Видео)

„Манескин“, објави нова песна со наслов „Mammamia“.

Новата песна за само неколку дена успеа да добие речиси два милиони прегледи и 126 илјади лајкови.

Оваа песна бендот веќе ја изведуваше во живот во Берлин и ова е првата песна која ја напишаа по победата на Евровизија.

Како што изјавиле за медиумите, песната зборува за перцепцијата која луѓето ја имаат за некого, додека тој некој целосно е поразличен од тоа што тие претпоставуваат.

YouTube video player

Така ја покажале и својата иронична страна, па се потсетиле на предрасудите по Евровизија кога јавноста баш и не ги сфаќаше нивните постапки.

Песната „Mammamia“ е снимена во живо за да звучи посурово и помоќно.

Да ве потсетиме, членовите на бендот „Манескин“ неодамна позираа целосно голи , а многумина веруваат дека токму една од тие нивни фотографии ќе се најде на насловната на нивниот нов албум.