Д-р Лазаров тврди: ТЕСТОВИ на државно НЕМА, јас моите пациенти не ги лажам

Министерот за здравство постојано тврди дека има доволно тестови за ковид-19 „на државно“, достапни со закажување преку Мој термин.

Но, праксата покажува сосема друга состојба. Д-р Ненад Лазаров тврди дека многу ретко успева да закаже тест за своите пациенти преку Мој термин. Тој забележува дека во дневните статистики е видливо дека повеќе тестови за коронавирус се прават во приватните лаборатории. 

„Јас моите пациенти не ги лажам, тестови нема, нема доволно ни приближно, исклучително ретко се случува да закажеш тест а чекање по неколку дена е неприфатливо“, пишува тој на Фејсбук.