Каменувана е куќа на Србинка во Пеќ

Куќа на Србинка која живее во Пеќ е каменувана, при што е причинета материјална штета, а случајот е пријавен во косовската полиција.

Се работи за куќа на учителка во пензија која живее во центарот на градот, дознава радио Гораждевац, а пренесуваат српските медиуми.

На Косово вчера пак имаше проблеми.