Путин до американска новинарка: Убава жена, но не слуша ништо (Видео)

Во интервју за Си-Ен-Би-Си, рускиот претседател Владимир Путин опширно одговорил на новинарката на таа американска телевизија, Хендли Гембл, на прашањето дали Русија користи гас како оружје.

Русија воопшто не користи никакво оружје, ако обрнете внимание … Ова се токму политички мотивирани озборувања кои немаат основа во врска со користењето енергија како вид оружје, вели меѓу другото Путин.

Тој, исто така, посочил дека Русија се зголемува, а партнерите од други земји, вклучувајќи ги и САД, ги намалуваат испораките во Европа.

Сепак, и покрај деталниот одговор од рускиот претседател, следувало ново прашање од новинарката: „Видовме глобален скок на цените и како може да ја натерате Европа да верува дека сте сигурен партнер кога не ја испорачувате таа енергија преку гасоводите?“.

YouTube video player

Одговорот на Путин изненади многу присутни, како и самата американска новинарка.

Убава, симпатична жена. Јас ѝ кажувам едно, а таа нешто сосема друго. Како да не слушна што реков – рекол Путин, повторувајќи дека Русија ги зголемува, а не ги намалува испораките на гас.

Во интервјуто, Путин зборувал за бројни теми, вклучувајќи дали ќе се кандидира на следните претседателски избори и за потенцијален наследник, нови блокови што се создаваат во светот, но и зошто мисли дека Америка прави грешка во однос на својата валута.