Допис од ЕВН ја стресе јавноста: СТРУЈАТА за домаќинствата ЌЕ ПОСКАПИ за 50 ОТСТО после избори, тврди Апасиев

Индустриската струја којашто ја користат компаниите ќе поскапи дупло, а струјата за домаќинствата за 50 отсто, тврди пратеникот и лидер на „Левица“, Димитар Апасиев кој објави допис кој деновиве им стигнувал на трговците.

-Пред да гласате во недела – запомнете дека струјата ќе поскапи 100% после изборите !!! Вакви дописи им стигаат на сите мали дуќанџии, занаетчии, трговци-поединци низ цела Македонија. Т.н. „индустриска струја“ ќе поскапи дупло, а струјата за домаќинствата за 50%! Е ова ви е подарокот од СДС на Нашата Земја.p.s. НАТО нека ви ги плаќа сметките, напиша Апасиев.

Во дописот којшто го објави на својот Фејсбук профил снабдувачот со електрична енергија информира за новите услови на пазарот со електрична енергија.

-Поради огромниот пораст на цените на берза од скоро 100 проценти во однос на периодот на склучување на договорите, а кои снабдувачот не може да ги предвиди и контролира, приморани сме да ви доставиме нови услови за снабдување со електрична енергија. Ви нудиме нови услови со цел продолжување на нашата соработка во иднина, се вели во дел од дописот.