Кражба во пошта во Скопје, одземен цел СЕФ, еве ги деталите…

На 14.10.2021 во 08.40 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во објект на АД „Пошта на Македонија“ во с.Миладиновци и бил одземен сеф во кој имало 84.000 денари и писма.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.