Се преврте автобус со работници во Битола, пет лица повредени

Во Индустриската зона Жабени во Битола утрово се преврте автобус полн со работници од фабриката „Кромберг и Шуберт“. Автобусот превезувал патници од третата смена кои требало да бидат пренесени во Битола.https://ads.tv21.tv/www/delivery/afr.php?zoneid=60&cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE

Автобусот се превртел на излезот од фабриката, а пет лица биле пренесени во болница, но се надвор од животна опасност.