Тргнале на Косово за да војуваат, но поради една причина се вратени од граница

Членови на движењето Левијатан од Србија, вчера тргнале кон Косовo, но сe вратени на граничниот премин Брњак затоа што немале  ПЦР тест. 

„Северот од провинцијата Косово и Метохија може да се помине само пеш. Сѐ уште е блокирано. И едно предупредување за луѓето што ќе се осмелат и ќе слезат е дека се потребни  ПЦР тестови на преминот Брњак. Значи, без тоа, нема шанси да пристапите. Значи, доколку тргнете во војна, задолжително направете ПЦР тест, инаку ќе ве вратат дома. Сине, оди тато во војна, штом ќе биде готов ПЦР тестот“, објави Павле Бихали, член на движењето Левијатан на Твитер.Членовите на движењето Левијатан, иако официјално се борат за правата на животните, познати се по своите екстремно десничарски ставови и застапуваат патриотизам.

Деновиве косовската полиција имаше акција на северот на Косово, при што десетина луѓе беа  ранети. 

Фактор