Вучиќ кај ПУТИН, патува во Москва, ова се темите за кои ќе разговараат…

Вучиќ последен пат се состанал со Путин во јуни минатата година.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 25 ноември во Москва, неофицијално дознава Спутник.

Двајцата претседатели ќе разговараат за проблемите на Ксово и Метохија, за цената на гасот и за актуелната гасна криза во Европа.

Како за потсетување, Србија денес добива гас по цена од 270 динари за 1.000 кубни метри, додека неговата цена на берза ќе се движи помеѓу 1.000 и 2.000 долари. Се очекува дека Србија и по новата формула ќе добива гас по цена пониска од другите.

Претседателот на Србија последен пат се состанал со Путин во јуни минатата година, кога присуствувал на воената парада по повод одбележување на 75 годишнината од победата над фашизмот и Втората светска војна.

извор Србија Данас.срб