Connect with us

Македонија

На денешен ден одекна страшната вест – 14 години без нашиот ТОШЕ, црн 16 октомври

Published

on

На 16 октомври 2007 година во македонската јавност одекна една од најстрашните вести, настан кој никој никогаш не помисли дека може да се случи и кој најпрво личеше на несолена шега, но потоа официјалните информации го потврдија она од кое се плашевме – Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа во Хрватска.

Само две недели претходно тој го одржа својот последен хуманитарен концерт пред преполниот Градски стадион, на кој гостуваа многу негови колеги од македонската и балканската сцена, а тогаш првпат публиката успеа со блиц од мобилните телефони да направи ѕвездено небо, нешто што секогаш ќе потсетува на него. Но, никој не можеше да претпостави дека и тој ќе замине во ѕвезденото небо. 

Тоше Проески загинал на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб — Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години. Во мигот на несреќата, Тоше се наоѓал на совозачкото седиште во возилото фолксваген туарег (Volkswagen Touareg) кој со голема брзина удрик во приколката на камионот пред него и потоа во крајпатната заштитна ограда. Останатите двајца патници — возачот Ѓорѓе Георгиевски поминал со потешки, додека неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, со полесни повреди. И двајцата биле вон-животна опасност.

Вознемирувачката вистина за проколнатиот пат автопат кај Мала Градишка - За  Се

Реакциите по неговата смрт не стивнуваа, а за тоа пишуваа дури и големите новински агенции низ светот. 

Тоше имаше многу пријатели каде ѝ да се појавеше. Беше познат и по своите хуманитарни активности, а особено беше посветен на подобрување на условите за живот за секое дете. Иако се поминати веќе 14 години, неговата смрт се уште предизвикува неверување кај обожавателите. 

Македонија

ОГРАБЕНО КАЗИНО ВО ЧАИР Разбојникот одзел 1,46 милиони денари

Published

on

Вчера е ограбено казино на подрачјето на општина Чаир, соопшти полицијата.

Како што е соопштено вооружен маж му се заканил на вработен во казиното и одзел 1.460.856 денари (23.715 евра).

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 25 СТЕПЕНИ Но, времето ќе биде променливо и нестабилно

Published

on

Во текот на следната седмица, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ и истата ќе услови релативно високи пролетни температури на воздухот, и тие речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, понекаде тие ќе се искачат  и до околу 20 степени, додека во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до 25 степени.

Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Поповски на следниот ЛИНК.

Continue Reading

Македонија

Маж и жена краделе од гробот на Ѓорѓи Ѓорѓиев – тапанар од групата ДНК

Published

on

На социјалните мрежи објавени се две лица, маж и жена кои краделе на гробот на починатиот Ѓорѓи Ѓорѓиев, тапанар од групата ДНК.

Како бе вака? Каде бе вака? Имате ли свест, совест, имате ли жал и сочувство? Малку ли им беше тагата на Ѓоргиеви, па на огнот да се дотура бензин? Два дена по ред машко и женско лице крадат од гробот на Ѓорѓи. Украдени се ангелчиња украси, цвеќињата, ја украле водата па дури и метлата…

Оставете ги луѓето достоинствено да тагуваат по чедото. Срамота, голема срамота…до таму стигнала работата да се нема грам човечност веќе!

Лицата се откриени од СВР-Струмица.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк