Connect with us

Македонија

Ce ќe пocкaпи… вo Германија вeќe пoчнa

Published

on

Во септември, цените во Германија пораснаа за дури 4,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Ова е првпат инфлацијата, така забележана, да надминува четири проценти од 1993 година, соопшти Федералното биро за статистика.

„Ветар во грб“ на силната инфлација и дава скокот на цените на енергијата, но тоа не е единственото нешто. Експертите го споменуваат и зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за некои производи, како и одложувањето на глобалната испорака на стоки, и метежот што се случува во пристаништата.

Потрошувачите во Германија сепак ќе треба да ја стават раката подлабоко во џебот за да ги загреат становите оваа зима. Една четвртина од домаќинствата се греат на мазут, што ќе биде дури 76,5 проценти поскап отколку пред една година. Мора да се признае, дури и таа цена од минатата година не беше нормална – тогаш цената на барел сурова нафта беше речиси на најниско ниво на сите времиња поради пандемијата и екстремно намалената побарувачка.

Од оваа календарска година, се воведе данок за емисија на јаглерод диоксид од 25 евра по тон од овој штетен гас. Тоа секако влијае на нафтата и се пренесува на цената. Греењето на гас, кое го користеа половина од домаќинствата во Германија, беше 5,7 проценти поскапо во септември, но можно е да биде уште поскапо бидејќи цената на овој извор на енергија на слободниот пазар продолжува да расте, пишува Дојче веле.

„Потребна е поддршка за таканаречените енергетски сиромашни домаќинства, кои не можат да ги покријат трошоците за енергија“, вели Леонора Холинг, претседател на Здружението на потрошувачи на енергија. Бара државата дополнително да се субвенционира греење за сиромашните, како и да им забрани да се исклучат од мрежата доколку не можат да ги покријат трошоците.

Македонија

Д-р Колев: Македонија е во првите 20 земји во свет по трансплантација на срце

Published

on

Во подкастот ЗРАК со д-р Марина Вукашиновиќ, зборуваше и доктор Александар Колев, кардиохирург, кој се осврна на процесот на трансплантација на срце. 

Колев вели дека во последните години Македонија доста напреднала на ова поле.

„Од 2020 година до сега се направени 11 трансплантации. За волја на вистината, во однос на бројот на жители тоа ја издигнува Македонија во првите 20 држави во светот по број на трансплантации по глава на жител, рече Колев.

Тој додаде дека и многу побогати и поразвиени држави од Македонија заостануваат зад нас кога станува збор за трансплантации.

Колев, се осврна и на кардиоваскуларните болести Македонија, посочувајќи дека заболуваат и се повеќе млади луѓе 

„ Кога граѓаните ќе дојдат во поодминати години сите развиваат одредена срцева слабост имаат коронарна артериска болест, исхемична срцева слабост и слично но има и млади пациенти кои имаат врдени аномалии или кои биле изложени на цитостатици. Ова не е болест само на возрасната популација, туку возрасната граница се повеќе се спушта“ посочи тој. 

Целата епизода од подкастот ЗРАК гледајте ја на следниот линк

https://youtu.be/FnbcWlgWJSE?si=vksVtbLEBILOBaYK

Continue Reading

Македонија

На патарините ќе се зголеми бројот на ленти со тагови, на кои ќе се користат трансакциските сметки на возачите

Published

on

Наместо само една лента со таг на патарините, да има три до четири. Ова се идните планови на Јавното претпријатие за државни патишта со цел да нема застој на патарините и протокот на возила да биде побрз, најави денеска од Штип директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Тој истакна дека се прави напор проектот во висина од 12 милиони евра кој бил во застој да продолжи, со што на патарините ќе има повеќе тагови на кои ќе се наплаќа со трансакциска картичка, која нема да мора да се надополнува на одредени места.

– Воедно разговараме и сме во комуникација со соседните држави за начинот на плаќање на патарините, да се промени и во нашата државата. Ако сега имаме една лента со тагови од вкупно пет се трудиме да има три до четири со тагови, а само една да остане без тагови. Притоа наплаќањето да биде со трансакциски картички, оние кои секојдневно ги користиме врзано тагот со него, и да не мора да се надополнува – вели Трајановски.

Разговорите се во тек и соседните држави, и како што посочи Трајановски, движењето ќе биде многу полесно и побрзо. Она што веќе се практикува во странство да почне да се применува и во државата е заложбата на ова јавно претпријатие.

Continue Reading

Македонија

Давидовски: Греењето со дрва и автомобилите главни извори на загадувањето

Published

on

Загадувањето на воздухот со почетокот на грејната сезона е повторно актуелен проблем во Скопје, Тетово и други македонски градови. Според Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје во Тетово, иако загадувањето моментално е на „умерено“ ниво, состојбата бара итни мерки за подобрување. Главни извори на загадувањето остануваат греењето со дрва и интензивната употреба на автомобили.

Здравствените експерти предупредуваат дека, и при умерено ниво на загадување, можат да се почувствуваат негативни ефекти врз здравјето, особено кај чувствителните групи, како децата, постарите лица и хронично болните.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк