ВМРО-ДПМНЕ: Победа во Јегуновце, Градско, Сопиште, Могила

Неофицијални информации од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се сигруни во победа во првиот круг во општините Јегуновце, Градско, Сопиште, Могила и Петровец.

Според неофицијални информации ВМРО-ДПМНЕ е во водство во Св.Николе и во одредени скопски општини, но засега не прецизираат точно кои.

Од пратијата очекуваат победа и во Виница во првиот круг.

ВМРО-ДПМНЕ е во водство и во Прилеп со 4.200 гласа, брифираат од партијата.