Connect with us

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ победува во 18 општини во првиот круг

Published

on

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, предмалку изјави дека неговата партија освоила 18 градоначалнички места во првиот круг од локалните избори.

„Нашите кандидати за градоначалници победија во Прилеп, Неготино, Кавадарци, Могила, Новаци, Градско, Илинден, Сопиште, Петровец, Јегуновце, Карбинци, Зрновце, Кратово, Свети Николе, Виница, Босилово, Штип, Велес“,

изјави Милошоски во изјава за Канал 5.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ е на чекор од победа во првиот изборен круг и во Охрид.

Македонија

Илјадници граѓани пред Кривичниот суд, извикуваат „оставка“ и „правда за Фросина“

Published

on

Граѓаните кои протестираат пристигнаа пред Кривичниот суд. Поради масовноста на протестот, толпата не продолжи кон Обвинителството, па од Собранието тргнаа директно до Кривичен.

Овој собир е поголем од претходниот. Собрани се илјадници граѓани.

„Сакаме правда“, „Нема правда, нема мир“ „Правда за Фросина“ извикуваат сите пред судот.

Триминутен молк имаше и пред Кривичен, исто како и пред Собранието и на Партизанска.

22-годишната Фросина Кулакова пред четири дена беше прегазена од дваесет годишниот Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин на Партизанска.

На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Continue Reading

Македонија

Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица: Уапсените фалсификувале евра и ги пуштале во промет!

Published

on

Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, од утрово спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на европска валута – евро во различни апоени. Координацијата и спроведувањето на активностите на македонската територија се под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Извршени се 23 наредби за претреси на лица и дом и притоа се обезбедени материјални докази, информираат вечерва преку соопштение од Јавното обвинителство.

Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, од утрово спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на европска валута – евро во различни апоени. Координацијата и спроведувањето на активностите на македонската територија се под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Извршени се 23 наредби за претреси на лица и дом и притоа се обезбедени материјални докази, информираат вечерва преку соопштение од Јавното обвинителство.

При претресите се пронајдени и одземени парични средства во износ од околу 500 000 евра, 25 000 американски долари, 500 швајцарски франци, 1800 израелски шекели, 500 хрватски круни, 10 000 албански леки, 1000 шведски круни и 25 000 рубљи. Воедно се пронајдени топли ваљаци, преси, ЦНЦ машина за изработка на калапи и жигови со кои се изработувале фалсификуваните пари, копии од делови од банкноти, пиштол, куршуми, кесиња со прашкаста бела и кафеава материја, телефонски апарати, сим картички, УСБ, детектор за фалсификувани банкноти, холограми, бројачи на пари, други предмети за фалсификување пари и лаптопи кои ќе бидат предмет на вештачење. Воедно десет лица се лишени од слобода.

Операцијата се надоврзува на претходната операција од август минатата година спроведена од ОЈО Скопје и косовското Специјално обвинителство, кога беа пронајдени и запленети машини за фалсификување на евромонети, готови и полуготови фалсификувани монети, калапи и материјали потребни за изработка на монетите, а во Косово беше уапсен македонски државјанин кој ги произведувал и пуштал во оптек.

Денешната операција во целост е поддржана од ЕВРОПОЛ и од Проектот на ЕВРОПРАВДА за кривична правда на Западен Балкан, кои овозможија оперативна координација, критична разузнавачка анализа и техничка помош за реализација. Истовремено, во денешната акција во РСрбија се извршени претреси на повеќе локации во Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор и Суботица и притоа се приведени шест членови од криминалната група, а запленети се 180 000 фалсификувани банкноти – евра.

Со подетални информации јавноста ќе биде информирана во текот на утрешниот ден по донесување на Наредбата за спроведување на истражна постапка, информираат од ЈО.

Continue Reading

Македонија

ВИДЕО I Колачи за паднат шеќер, а во нив мобилен да се чуе со тато – вака Васил Јованов го добил телефонот во Шутка

Published

on

Добро спакуван во кутија од колачи од една затворска соба, мобилниот телефон стигнал до Васил Јованов – возачот кој ја усмрти 22 годишната Фросина Кулакова. Додека шетал во дворот, притвореник од Гевгелија побарал пари за да ја прати кутијата со колачи во соседната ќелија, а внатре да стави и мобилен, со кој Јованов се јавувал кај неговите родители и девојка му, информир Алфа телевизија.

Истрагата покажала дека затворскиот чувар воопшто и не знаел дека внатре има телефон, па кутијата со благо ја однел во ќелијата во која бил и Јованов, вели во изјава за Алфа, директорот на Шутка, Бубан Утковски.

-Затворскиот полицаец X.A. кој бил распореден во ходникот Д, го замолува да достави благо во друга соба, односно во собата во која е сместен В.Ј. при тоа не посочува ниту едно лице каде што е и посочениот, за да не се посомнева затворскиот полицаец. Претходно, затворениците во собата каде е В.Ј. тропаат на врата и бараат благо бидејќи на еден затвореник му се слошило и му паднал шеќерот, вели Бобан Утковски – Директор на Затворот „Скопје“.

Парите за телефонот, биле предадени од роднини на Јованов на брат му на  притвореникот кој ја смислил како да му обезбеди мобилен. Во меѓувреме, друг од притворското одделение во Шутка го сликал Јованов преку прозор и фотографиите ги споделил со другари од надвор, па така беа и јавно објавени.

-Притвореното лице се јавува на член на неговото семејство, за да однесе пари кај лицето В.Б. кој е брат на притворениот И.Б. Направен е претрес, телефонот е одземен, а притворените лица се разместени во различни крила во притворот, вели Утковски за Алфа.

Сите кои учествувале се разместени во различни крила во Шутка, а истрага продолжува вели Утковски, која меѓу другото треба да покаже како телефонот воопшто се нашол внатре во ќелиите, со оглед на тоа дека секој поминува низ скенер пред да влезе во притворот.

https://youtu.be/X9rTxsfnjjU?si=EQSOgUPxz6nF8GcD

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк