Connect with us

Скопје

Арсовска влегува со голема предност, во втор круг со над 6000 гласови

Денеска се покажа дека на скопјани им е преку глава од празни ветувања, дека на скопјани им е доста од политичари кои ветуваат, а не остваруваат. На овие избори важно беше да се обединиме и да успееме да донесеме промени за поубаво Скопје. Заедно ќе го направиме Скопје модерна метропола и здружени сите заедно со иста цел – да успееме да го направиме Скопје подобро место за живеење, изјави Арсовска на денешната прва прес конференција, после вчерашните локални избори за градоначалник на Град Скопје.

Арсовска ги повика сите граѓани кои се незадоволни од политиките на досегашните градски власти да се приклучат и обединат во нејзината битка за подобро, модерно Скопје за сите.

– Ве повикувам сите кои не сте задоволни од досегашните градски власти, а такви не има многу да се здружиме и да ги поразиме. Ве повикувам да се обединиме заедно во оваа битка. Скопје не смее да биде предмет на политика, туку треба да биде град што ќе се развива онака како што сакаме ние скопјани, истакна таа.

Честитајќи им ги освоените гласови на сите кандидати, особено на независните и предложените од помалите партии, Арсовска потенцираше дека придонеле со нивните квалитетни предложени проекти и ги оцени како решенија вредни за реализација во нејзиниот мандат.

-Настапот и програмите на сите овие кандидати внесоа свежина и нова енергија на локалните избори. Ја подавам мојата рака, нивните програми и приоритети ќе најдат дел од мојата работа во следните четири години како градоначалник на Скопје, заклучи Данела Арсовска.

Меѓу другото Арсовска беше децидна дека позитивната кампања која што ја водела се покажала како успешна и потенцираше дека црните кампањи не поминуваат кај скопјани.

Изразувајќи голема благодарност за граѓаните кои што ја поддржале нејзината визија за современо и модерно Скопје, но и за останатите кои што ја исполниле граѓанската должност и демократското право и излегле на гласање, ги повика да бидат со неа во вториот круг од локалните избори.

– Денес е нов почеток на следниот круг на избори и затоа тука не смееме да застанеме затоа што ни треба промена веднаш. Ве повикувам во вториот круг да излезете во уште поголем број сите вие кои сте незадоволни од градоначалникот во заминување, затоа што Скопје и скопјани не треба ниту ден повеќе да живеат во нечистотија, сообраќаен и урбанистички хаос. Скопје ќе биде убав град на среќни луѓе, ја заврши прес конференцијата Арсовска, се наведува во соопштението од нејзиниот тим.

Скопје

Виртуелно патување низ Кисела Вода – првата скопска општина со дигитална прошетка

Општина Кисела Вода влегува во новата дигитална ера, поставувајќи нов стандард за локална самоуправа.! Со лансирањето на спектакуларниот 360° виртуелен проект, наречен „Општина Кисела Вода НА ДЛАНКА – 360°“, таа стана првата скопска општина која доби ваква целосна, реална и интерактивна презентација.

Овој модерен дигитален потфат ја трансформира општината во достапен виртуелен простор. Граѓаните, учениците, но и сите посетители и туристи, сега имаат уникатна можност виртуелно да „прошетаат“ низ Кисела Вода, истражувајќи ги нејзините најзначајни точки – од образовни и културни центри, до спортски терени и духовни локации.

Со над 500 панорами снимени и од воздух и од земја, поврзани во беспрекорна интерактивна прошетка, корисниците добиваат реалистично искуство, комплетирано со сите релевантни информации за секоја локација.

Од Општината истакнуваат дека оваа иновативна алатка има далекусежни последици.

Проектот претставува едукативен пресврт. Учениците сега можат да ја користат виртуелната прошетка за полесно разбирање на содржините по историја, географија и други предмети – учењето никогаш не било поинтерактивно.

Од туристички аспект, „Кисела Вода НА ДЛАНКА“ е моќна промотивна алатка. Потенцијалните посетители сега можат однапред да ја истражат целосната понуда на општината, што создава силен потенцијал за привлекување нови туристи.

Со овој проект, Кисела Вода ја докажува својата посветеност кон иновациите и транспарентноста, ставајќи го секое ќоше од општината буквално во рацете на своите жители и гости.

Видеото може да го погледнете на: Facebook

Continue Reading

Скопје

Дел од Сарај и високата зона во Ѓорче Петров денес без вода

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, денеска е регистриран прекин во водоснабдувањето за повеќе населени места.

Прекинот е предизвикан од дефект на затворач со пречник Ф-350 мм на улица 20 во населбата Сарај. Прекинот ќе трае од 07:30 часот до целосно санирање на дефектот.

Без вода ќе останат корисниците од следниве населени места во Општина Сарај: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и Сарај

Исто така, прекинот ги зафаќа и високите зони, односно повисоките катови на зградите во населбата Ѓорче Петров.

Continue Reading

Скопје

ЦУК предупредува: „Ексклузивните“ објекти на Водно се под ризик од свлечишта

Скопје, 9 декември 2025 – Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, алармира дека на падините на Водно се наоѓаат објекти кои се директно загрозени од свлечишта и нестабилно земјиште.

„Ризикот мора да се сфати сериозно – можно е да настрада човек ако не се реагира навреме“, рече Ангелов во гостување на ТВ Телма. Според него, делови од теренот веќе се нарушени, земјиштето продолжува да се лизга, а неколку потпорни ѕидови се урнати.

Ангелов посочи дека проблемот не е ограничен само на еден потег на падината и дека се неопходни брзи мерки, засилен мониторинг и процена на стабилноста на критичните зони. Институциите веќе работат на оваа проблематика, а во ЦУК се одржани неколку координативни средби на кои врвни професионалци активно се вклучени.

„Жителите на Водно често не ја сфаќаат целосната опасност бидејќи се навикнати на животот во тој предел. Но, видеа и искуства од целиот свет покажуваат дека свлечишта можат да предизвикаат сериозни штети и да загрозат човечки животи“, предупреди Ангелов.

Директорот на ДЗС нагласи дека медиумите имаат значајна улога во подигнувањето на јавната свест, особено кај луѓето кои живеат на Водно, за да се избегнат штетни последици пред да биде предоцна.

Зачестените извештаи за пукнатини на објекти и движење на земјиштето на Водно во последниот период дополнително ја зголемуваат загриженоста во јавноста.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг