Connect with us

Скопје

Муцунски ocвoи нajгoлeм број гласови во Аеродpoм, над 7000 гласови повеќе

Published

on

Првиот круг од локалните избори заврши. Додека Државната изборна комисија сукцесивно ги објавува резултатите на својата веб страница, партиите и од власта и од опозицијата прогласија победа.

Од 51,48 отсто обработени гласови во општина Аеродром, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски има освоено 56,54 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат од СДСМ, Александар Филиповска 25,45 отсто.

Весна Кираџиева од Левица има освоено 11,15 отсто, Билјана АврамоскаЃоревска од ЛДП 2,39 отсто, додека Миле Петковски од ТМОРО само 0,49 отсто од гласовите.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ синоќа излегоа на улица да ја прослават победата на Муцунски во првиот круг.

Скопје

Градоначалникот Ѓорѓиевски со Неговото Блаженство Стефан: Нови проекти за духовен развој во Кисела Вода

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски, Неговото Блаженство Господин Господин Стефан.

За време на средбата, градоначалникот доби благослов од духовниот лидер, а воедно се разговараше за идните проекти што ќе придонесат за унапредување на духовниот живот во општината и зајакнување на заедништвото меѓу граѓаните.

„Историјата се пишува со големи дела, а ние сме тие кои ги создаваме. Посетивме неколку значајни места низ Кисела Вода и разговаравме за проектите што во иднина ќе ги реализираме“, истакна Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода во изминатиот период инвестира во повеќе инфраструктурни и културни проекти, а најавените иницијативи се очекува да донесат дополнителни подобрувања за локалната заедница.

„Бог нека секогаш биде со нас“, порача градоначалникот, нагласувајќи ја важноста на духовните вредности за развојот на општеството.

Continue Reading

Скопје

ЗОО Скопје: Јагуарката Инес под интензивна нега, откриени метастазирани тумори, се прави сè за нејзината благосостојба

Published

on

Јагуарката Инес, една од најстарите жителки на Зоолошката градина, е под постојан надзор на ветеринарните експерти откако кај неа биле откриени метастазирани тумори.

Инес има 22 години, што е значително над просечниот животен век на јагуарите во природата, кој изнесува од 12 до 15 години. Во зоолошките градини, најстарите единки доживуваат до 23 години, што ја прави Инес вистински борец.

Тимот од Факултетот за ветеринарна медицина, заедно со вработените во Зоолошката градина, интензивно работи на нејзиното лекување и подобрување на нејзината благосостојба. Преку детални испитувања и компјутерска томографија, биле откриени здравствените проблеми, а сега се преземаат сите можни мерки за да ѝ се олесни состојбата.

„Грижата за животните секогаш треба да биде на прво место. Заедно со експертите од Факултетот за ветеринарна медицина, правиме сè што можеме за подобрување на здравјето на Инес, но и на сите други животни. Факултетот располага со најсовремена апаратура и врвни ветеринари кои несебично се вложуваат во оваа мисија,“ истакнуваат од Зоолошката градина.

И покрај здравствените предизвици, Инес останува симбол на издржливост и сила, а нејзиниот тим се бори да ѝ обезбеди најдобра можна грижа во оваа фаза од нејзиниот живот.

Continue Reading

Скопје

СКАНДАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Две жени се обидуваат да го заштитат детето од автомобил кој вози по пешачка патека (ВИДЕО)

Published

on

Во Скопје се случи нов инцидент со несовесен возач, што продолжува со хаосот во сообраќајот и непочитувањето на сообраќајните правила. На видеото направена во близина на трговскиот центар „Мавровка“ се прикажува моментот кога возило на марката Audi се движи по пешачка и велосипедска патека, загрозувајќи ги пешаците и велосипедистите.

На снимката се гледаат две жени и мало дете на патеката, жените се обидуваат да го заштитат детето, додека во исто време поминува и велосипедист.

Видеото од инцидентот можете да го погледнете на следниот линк.

 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк