Connect with us

Македонија

Првични резултати: 29 општини имаат градоначалници, 38 одат во втор круг, Скопје уште се брои

Според првичните резултати на ДИК, гласањето во првиот круг е завршено во 29 општини, а во 38 ќе има втор круг

Не се преброени сите гласови ниту во Куманово, Тетово и Штип.

Според интернет-апликацијата на ДИК, на која се прикажуваат резултатите од гласањето на вчерашните локални избори, завршено е броењето во 67 општини во земјава. 100 отсто од податоците се обработени во Градско, Дојран, Лозово, Росоман, Центар Жупа, Богданци, Пласница и Чешиново-Облешево, Арачиново, Берово, Битола… додека во Скопје и скопските општини остануваат уште непреброени гласови.

Според првичните податоци Државната изборна комисија, досега се избрани градоначалници во првиот круг се во 29 општини и тоа:

  • Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско со освоени 55,66% од гласовите;
  • Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран со освоени 53,21% од гласовите;
  • Аријан Ибраим од ДПТМ за градоначалник на Центар Жупа со освоени 71,16% од гласовите.
  • Звонко Пекевски од СДСМ за Берово со 51,25% од гласовите.
  • Блаже Шапов од СДСМ за Богданци со 50,70% од гласовите.
  • Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ за Босилово со 58,33% од гласовите.
  • Перо Костадинов од СДСМ за Валандово со 57,73% од гласовите
  • Марко Колев од ВМРО-ДПМНЕ за Велес со 51,63% од гласовите
  • Миле Петков од ВМРО-ДПМНЕ за Виница со 54,74% од гласовите
  • Горан Трајковски од СДСМ за Делчево со 51,14% од гласовите
  • Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ за Зрновци со 54,54% од гласовите
  • Александр Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ за Илинден со 53,40% од гласовите
  • Димитар Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ за Јегуновце со 50,40% од гласовите
  • Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци со 72,35 од гласовите
  • Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ за Карбинци со 59,40% од гласовите
  • Сашко Митовски од СДСМ за Крива Паланка со 54,75% од гласовите
  • Николче Мискоски од СДСМ за Кривогаштани со 50,83%
  • Томе Христоски од СДСМ за Крушево со 52,70%
  • Еркан Арифи од ДУИ за Липково со 72,59%
  • Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ за Могила со 57,28%
  • Горан Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ од Неготино со 51,94%
  • Стевче Стевановски од ВМРО-ДПМНЕ за Новаци со 51,29%
  • Борче Митевски од ВМРО-ДПМНЕ за Петровец со 63,84%
  • Алија Јаоски од ДУИ за Пласница со 76,65%
  • Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп со 54,56%
  • Стефче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ за Сопиште со 65,03%
  • Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ за Свети Николе со 51,97%
  • Костадин Костадинов од СДСМ за Струмица со 53,71% од гласовите
  • Блерим Беџети од ДУИ за Сарај со 65,97%

По пребројувањето на сите гласови, според податоците на системот на ДИК, втор круг сигурно ќе има во:

  • Лозово
  • Бутел
  • Росоман
  • Битола
  • Боговиње
  • Арачиново
  • Брвеница
  • Василево
  • Вевчани
  • Врапчиште
  • Гевгелија
  • Дебар
  • Дебарца
  • Демир Капија
  • Демир Хисар
  • Долнени
  • Желино
  • Зелениково
  • Кичево
  • Конче
  • Кочани
  • Кратово
  • Маврово Ростуша
  • Македонска Каменица
  • Македонски Брод
  • Охрид
  • Ново Село
  • Пехчево
  • Пробиштип
  • Радовиш
  • Ранковце
  • Ресен
  • Студеничани
  • Старо Нагоричане
  • Струга
  • Теарце
  • Чашка
  • Чешиново-Облешево
  • Чучер Сандево

Резултатите постојано се менуваат како што ДИК ги внесува како обработени

Македонија

УХМР најавува снег – еве кога започнуваат врнежите!

Според најновите информации од УХМР, денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со слаба до умерена облачност, а во одделни котлини ќе се појави магла. Ќе дува слаб северозападен ветер, а дневните температури ќе се движат од 6 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно и мирно време, со магла во одредени делови од денот. Температурата ќе достигне околу 6 степени, а ветерот ќе биде слаб, околу 1 метар во секунда.

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност.

Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките и планинските предели врнежите ќе бидат од снег.

Continue Reading

Македонија

Д-р Чибишев со апел до родителите: Надворешни активности се опасни за децата при висок степен на загадување

Доктор Андон Чибишев преку социјалните мрежи предупреди на сериозните ризици за здравјето на децата во услови на екстремно загаден воздух. Тој истакна дека денеска, предпладне, додека поминувал покрај улицата „Илинденска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“, забележал група деца на возраст од околу 7 до 10 години како трчаат и тренираат на фудбалско игралиште.

„Физичкиот напор го зголемува интензитетот на дишењето, што значи и поголемо внесување на штетни и отровни гасови од амбиенталниот воздух. Не можам да разберам зошто на ваков ден, кога загадувањето е екстремно, децата би се изложувале на таков ризик“, изјави д-р Чибишев.

Тој апелираше до организаторите на активности и тренинзи да покажат одговорност и да ги одложат настаните со цел да се заштити здравјето на најмладите.

Апелот доаѓа во момент кога Скопје повторно се соочува со високо ниво на аерозагадување, а здравствените работници постојано предупредуваат на зголемени ризици, особено кај децата, хронично болните и постарите лица.

Continue Reading

Македонија

Конгрес на ДУИ: Ахмети со нови барања

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Петтиот конгрес на партијата денеска изнесе сет клучни политички барања што, според него, треба да ја гарантираат стабилноста и функционалноста на државата. Во фокусот се избор на Влада со двојно мнозинство, уставни измени поврзани со одлучувањето во Уставниот суд и целосен ветинг на сите јавни функционери во последните три децении, под меѓународен надзор.

Промовирајќи го новиот „Национален договор за напредок“, Ахмети побара воведување на т.н. „извршен Бадентер“, според кој секој иден владин состав ќе мора да ја добие довербата не само од мнозинството пратеници во Собранието, туку и од мнозинството пратеници кои ги претставуваат немнозинските заедници.

Тој истакна дека унитарната држава може да биде стабилна само доколку се темели на доверба и лојалност меѓу сите заедници, нагласувајќи дека двојното мнозинство е механизам што обезбедува инклузивност и политичка рамнотежа.

Во делот на судството, Ахмети предложи законите донесени со Бадентеров принцип во Собранието да не можат да бидат поништени од Уставниот суд без истото двојно мнозинство меѓу уставните судии. Според него, потребни се уставно-правни измени со кои одлуките што ги засегаат правата на немнозинските заедници ќе се носат само со заемна согласност.

Покрај уставните промени, лидерот на ДУИ инсистираше и на темелно „прочистување“ на политичката сцена. Тој побара целосен ветинг за сите носители на јавни функции во изминатите 34 години, вклучувајќи проверка на потеклото на имотот и процесите на приватизација, со јасен меѓународен надзор.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг