Српскиот фолк музичар гази по тепих од долари во САД (ВИДЕО)

Драган Стојковиќ Босанац не само што заработува во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, туку има и настапи каде што добива огромен бакшиш.

На интернет кружи видео од Америка, на кое се гледа како музичарот свири хармоника и буквално гази по банкноти. Видеото се појави на Твитер, а своевремено Босанац сам го објавил.

Сите му приоѓаат на Босанац и оставаат бакшиш на инструментот додека тој цело време свири насмеан.

Драган Стојковиќ Босанац важи за еден од најдобрите хармоникаши на српската сцена и затоа е многу ангажиран на разни свечености.

Босанац во моментов е во центарот на вниманието на јавноста поради расправијата со Светлана Ражнатовиќ Цеца, со која сега е во жирито на музичкото натпреварување. Тој еднаш и кажа на пејачката колку е популарна, алудирајќи на фактот дека не е вистинска пејачка, па тогаш таа ја спомена неговата ќерка. Оттогаш, нивното „пецкање“ продолжува.