Уапсената Хркаловиќ соработничка на Беливук, дала наредба да се ликвидира познатиот белградски адвокат, заради слики со танга

Дијана Хркаловиќ, поранешен државен секретар во МВР, која беше уапсена во петокот под сомнение дека го прикрила убиството на Властимир Милошевиќ во Улица 27. во март, во име на Веjко Беливук, дала наредба за ликвидација на адвокатот Драгослав Мишо Огњановиќ бидејќи ги видел фотографиите од неа во министерството полугола, во лагер и танга, ексклузивно дознава српски Телеграф.

Српските медиуми дојдоа до транскриптот од разговорот помеѓу Огњановиќ и неговиот клиент Драгослав Милорадовиќ Галет, инаку кум на еден од водачите на „кланот на скалпот“, Лука Бојовиќ. Прислушуваниот разговор бил одржан на 17 мај 2018 година во белградско кафуле.

Милорадовиќ бил убиен само 12 дена по разговорот, а Огњановиќ на 28 јули истата година. За овие ликвидации се директно осомничени огранокот на „кланот Кавач“, поточно нивниот водач Веjко Беливук, како и ликвидаторот на кланот Дарко Елез.

Транскриптот што ексклузивно го објавуви српскиот медиум веќе не постои во полициската евиденција, а се претпоставува дека е уништен од Хркаловиќ.

Можете да го прочитате ОВДЕ